Свет
Мит Ромни победи во Мичиген и Аризона
Мит Ромни освои најмногу гласови на партиските избори во Мичиген и Аризона, со што ја зајакна својата позиција како главен фаворит за кандидат на републиканците, кој на ноемвриските избори ќе му се спротистави на актуелниот претседател на САД, Барак Обама.
Мит Ромни освои најмногу гласови на партиските избори во Мичиген и Аризона, со што ја зајакна својата позиција како главен фаворит за кандидат на републиканците, кој на ноемвриските избори ќе му се спротистави на актуелниот претседател на САД, Барак Обама. По пребројувањето на речиси сите гласачки ливчиња во сојузната држава Мичиген, Ромни освои 41 отсто од гласовите, додека неговиот ривал, ултра конзервативниот Рик Санторум, доби 38 отсто од гласовите. Евентуалниот пораз на Ромни во родниот Мичиген, каде неговиот татко беше гувернер, можеше да му нанесе огромна штета во понатамошната трка за републикански кандидат на претседателските избори. „Пред само една недела, стручњаците и анкетите не ни даваа никакви шанси, но јас продолжив да разговарам со мајки, татковци, студенти, баби, дедовци…нивниот напор вечерва вроди со плод и донесе голема победа во нашата кампања“, рече Ромни пред своите приврзаници. Ромни, кој се смета за умерен републиканец, победи и во сојузната држава Аризона, каде неговата победа беше очекувана. По преброените 80 отсто од гласовите, Ромни има освоено 47 отсто од гласовите, наспроти Санторум за кого гласале 27 отсто од републиканските гласачи. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

