Свет
Израелската војска затвори две палестински тв-станици
Израелската војска во текот на изминатата ноќ затвори две палестински телевизиски станици во Рамала, изјавија за Франс Прес претставници од двата медиума, пренесува Бета.
Израелската војска во текот на изминатата ноќ затвори две палестински телевизиски станици во Рамала, изјавија за Франс Прес претставници од двата медиума, пренесува Бета.
„Израелските војници дојдоа околу два часот утрово и земаа триесетина компјутери и целата опрема за емитување на програмата. Еден од припадниците на нашето обезбедување се обиде да ги спречи во тоа, но ни беше речено дека имаат службена наредба да ја затворат тв-станицата“, изјави Али Дарагмех, главен уредник на телевизијата Ал-Ватан.
„Бевме изненадени“, изјави Моамер Ораби, генерален директор на малата приватна телевизија.
Телевизијата Кудс, чија програма првенствено е наменета за деца, исто така е затворена.
„Во три часот утрово израелската војска влезе во канцелариите на телевизиската станица и за одзеде целата опрема за емитување“, изјави директорот на овој медиум, Харун Абу Ара.
Засега нема потврда од израелската војска за ноќешните случувања.
За среда е најавен и протест на новинарите во Рамала. /крај/бета/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

