Свет
Откриени недостатоци на 13 нуклеарни реактори во САД
Група независни американски експерти во текот откриле недостатоци на 13 од вкупно 104 нуклеарни рекатори во САД, кои би можеле да доведат до сериозни последици.
Група независни американски експерти во текот откриле недостатоци на 13 од вкупно 104 нуклеарни рекатори во САД, кои би можеле да доведат до сериозни последици.Во извештајот на Унијата на совесни научници се изнесуваат детали за сериозни проблеми во одделни нуклеарни централи и се бара одговор од Американската комисија за нуклеарна политика.„Од суштинско значење е Агенцијата да преземе соодветни мерки за да се предупреди на далекусежни последици поради негрижата во одделни нуклеарни централи, кои што ги откри независната комисија“, се подвлекува во извештајот.Експертите кои што ја испитувале состојбата во нуклеарните реактори во САД нагласуваат дека се откриени недостатоци поради негрижа на сопствениците на централите кои со години ги толерираат постоечките проблеми и не преземат соодветни мерки за отстанување на истите. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

