Свет
Обама подготвен да употреби сила против Иран

Американскиот претседател Барак Обама во неделата повтори дека е подготвен да „употреби сила“ за да спречи Иран да произведе нукеларно оружје, сепак залагајќи се за дипломатско решение и жалејќи што „премногу се зборува за војна “ со Техеран.
Американскиот претседател Барак Обама во неделата повтори дека е подготвен да „употреби сила“ за да спречи Иран да произведе нукеларно оружје, сепак залагајќи се за дипломатско решение и жалејќи што „премногу се зборува за војна “ со Техеран.„Премноту се зборува за војна“ со Иран, изјавил американскиот претседател Барак Обама во говорот пред најголемото произраелско лоби во САД, AIPAC, алудирајќи притоа на прикриените закани на Израел еднострано да го нападне Иран, пренесува AFP.„Последните седмици таквите расправи само му одеа на рака на иранскиот режим, така што го поттикнаа растот на цените на нафтата од која зависи финансирањето на неговата нуклеарна програма“, додал американскиот претседател. Ден пред важната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Обама го повика Техеран да го одбере дипломатскиот пат за надминување на последната криза, истакнувајќи дека Иран е под „најсилниот притисок досега“ поради санкциите коишто ги воведоа САД и неговите западни партнери. „Цврсто сум убеден дека сѐ уште има простор за дипломатијата, проследена со одреден притисок, поради решавањето на оваа криза. САД и Израел заедно тврдат дека Иран сѐ уште нема нуклеарно оружје и будно ја следиме нивната програма“, дополни претседателот на САД,Меѓутоа Обама јасно потсетил дека се „разгледуваат сите можни решенија“, па и „воената акција“, за да се оневозможи Иран да произведе нукеларно оружје, „Како што веќе јасно реков во текот на својот мандат, нема да се двоумам за употребата на сила за да ги заштитам САД и нивните итнереси“, истакнал Обама.Обама кој од републиканските ривали редовно е критикуван поради недоволната поддршка за еврејската држава, нагласил дека „го поддржува Израел во пресудните моменти“. „Во последните три години, како американски претседател, ги исполнив ветувањата кон израелската држава. Во секој пресуден момент и на секое крстосување на патиштата бевме тука за Израел“, рекол Обама.Израелскиот претседател Шимон Перес кој имал претходно свое излагање пред AIPAC, беше одликуван од Обама со Претседателскиот медал на слободата/крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц ја повика ЕУ на итен договор со Америка за царините

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика Европската Унија што е можно побргу да постигне договор со Соединетите Американски Држави за решение на трговскиот спор поврзан со царинските давачки предупредувајќи дека остануваат само неколку дена за постигнување договор.
Зборувајќи на банкарски состанок во Берлин, Мерц истакна дека неуспехот да се реши спорот може да ги загрози клучните сектори на европската економија, вклучувајќи ги автомобилската индустрија, челичарниците и фармацевтските компании, објави „Ројтерс“.
„Европа мора сериозно да се соочи со можноста САД да ја омекне својата посветеност на трансатлантската соработка.
Постојат оправдани сомнежи дали ќе продолжиме да споделуваме заеднички интереси на долг рок“, рече Мерц, пренесува „Танјуг“.
Свет
(Видео) Пукање во Чикаго: има загинати и повредени

Повеќе лица биле застрелани на забава за промоција на албум во Чикаго, пренесуваат медиумите во регионот.
Извештаите што кружат на социјалните мрежи велат дека луѓе биле застрелани во ресторан и салон на авенијата Вест Чикаго во населбата Ривер Норт за време на забавата за раперот Мел Бакз.
Wild West of some kind.
Chicago, Illinois.
12 people were shot in an intense shooting at a nightclub between Chicago and Franklin Avenues. pic.twitter.com/dnCJXpDcWX— Argonaut (@FapeFop90614) July 3, 2025
Најмалку три лица се убиени, а 16 се повредени, објави Си-би-ес повикувајќи се на локалните власти.
Службеник на градот изјави дека 19 лица биле застрелани во автомобили, од кои тројца смртно, според извештајот.
Портпаролот на полициската управа во Чикаго, Хулио Гарсија, изјави дека дополнителни информации ќе бидат објавени штом ќе станат достапни, но не го прецизира бројот на повредени или точната локација на инцидентот, објави „Ројтерс“.
Портпаролот на медицинската болница „Нортвестерн“, Крис Кинг, потврди дека одделот за итни случаи ја проценува состојбата на неколкумина повредени, но не можеше да го прецизира точниот број на лица примени на лекување или нивната моментна здравствена состојба.
Европа
Анкета: Германците сакаат да го укинат пиењето под надзор кај тинејџерите

Мнозинството Германци сакаат построги закони за заштита на младите од алкохол, вклучително и елиминација на контролирано пиење, што им овозможува на 14-годишниците да нарачаат пиво во бар ако се во придружба на законски старател, покажува анкета објавена денес.
Резултатите од анкетата на „Форса“, нарачана од компанијата за здравствено осигурување Kaufmännische Krankenkasse (KKH), покажуваат дека 65 проценти од Германците ја поддржуваат забраната за контролирано пиење алкохол од страна на малолетници. Според сегашниот закон, на тинејџерите им е дозволено да купуваат и да пијат пиво, вино и пијалаци на база на вино на јавно место ако се во придружба на старател.
Тесно мнозинство од 52 процента од испитаниците исто така сакаат да се зголеми законската возраст за купување и пиење алкохол од 16 на 18 години. Анкетата, спроведена во јуни, опфати 1.004 испитаници од цела Германија на возраст меѓу 18 и 70 години.
Забраната за контролирано пиење ја застапуваат и покраинските министри за здравство, а ја поддржува и федералната министерка за здравство, Нина Варкен. Алкохолот е значаен проблем за децата и за тинејџерите, изјави Катарина Шенк, министерка за здравство во источногерманската покраина Тирингија и претседателка на Конференцијата на министрите за здравство.
Медицинските здруженија долго време апелираат до креаторите на здравствените политики да вложат поголеми напори за намалување на потрошувачката на алкохол во Германија. Германското здружение за исхрана препорачува целосна апстиненција од алкохолни пијалаци наведувајќи дека „не постои безбедно ниво на потрошувачка“.
„Колку порано младите луѓе почнуваат да пијат, толку се поголеми здравствените ризици“, вели психологот на KKH, Франциска Клем.
Покрај краткорочните последици, како што се несреќи, повреди и насилство, алкохолот го зголемува и ризикот од рак, кардиоваскуларни заболувања и заболувања на црниот дроб. Алкохолот е особено штетен за адолесцентите бидејќи нивните тела сè уште се во развој и затоа се почувствителни на неговите токсични ефекти, објавува агенцијата ДПА.