Свет
Швајцарците на референдум за рестрикции на протестите
Жителите на Женева во неделата гласале „за“ на референдумот за поголеми рестриктивни мерки кога станува збор за протесните собири, како и за поголеми казни за оние коишто ќе ги прекршат, покажаа прелиминарните резултати.
Жителите на Женева во неделата гласале „за“ на референдумот за поголеми рестриктивни мерки кога станува збор за протесните собири, како и за поголеми казни за оние коишто ќе ги прекршат, покажаа прелиминарните резултати.Според последните информации, градските власти на Женева во коешто се наоѓа и седиштето на Советот за човекови права при Обединетите нации, како и седиштетот на меѓународниот Црвен крст, може да одредат казна од 100 илјади швајцарски франци за сите што ќе протестираат без дозвола и за оние коишто нема да ги почитуваат договорените услови за одржување протест.Одлуката на референдумот била усвоена со речи 55 отсто од гласовите на граѓаните на Женева.Швајцарците во неделата излегоа и на референдум на којшто треба да се изјаснат и за иницијативата на швајцарскиот синдикат на трудот за преминот на законски минимум од шест седмици годишен одмор, наместо досегашните четири седмици./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала
Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни напади како „неселективни и непропорционални“ и рекоа дека ќе „преземат чекори“ за да ги заштитат своите национални интереси и интересите на сојузниците во регионот.
Во изјавата се вели дека овие чекори потенцијално би можеле да вклучуваат преземање неопходни и пропорционални одбранбени мерки за уништување на иранските ракети и беспилотни летала.
Лидерите се согласија да соработуваат со Соединетите Американски Држави и другите сојузници во регионот.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека 94.000 британски граѓани го регистрирале своето присуство во земјите од Заливот кај владата.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

