Свет
Саркози се закани со излегување од Шенген
Францускиот претседател Николас Саркози на предизборен митинг во неделата се закани со непочитување на европските ограничувања за протекционистички мерки и излегување од шенгенската зона, ветувајќи дека Франција ќе ја заштити од евтината конкуренција и големата имиграција.
Францускиот претседател Николас Саркози на предизборен митинг во неделата се закани со непочитување на европските ограничувања за протекционистички мерки и излегување од шенгенската зона, ветувајќи дека Франција ќе ја заштити од евтината конкуренција и големата имиграција. Претседателот Николас Саркози ризикувајќи да ги разлути европските партнери на Франција, изјави дека е време да им се помогне на локалните компании, со запирање на неконтролираното доселување на имигрантите и евтиниот извоз коишто укажуваат на недостиг од протекционистичкиот надзор во Европа.Обаќајќи се на митингот пред 30 илјади свои поддржувачи во местото Вилпине, во близина на престолнината Париз, францускиот претседател ветил дека ќе ја извлече Франција од шенгенската зона на отворените граници, доколку во текот на годинава не се постигне напредок во зацврстувањето на европските граници. „Шенгенскиот договор веќе не ни овозможува да одговориме на тежината на ситуацијата. Тој мора да биде ревидиран“, изјавил Саркози во врска со илегалното доселување истакнувајќи дека на шенгенскиот договор му „е потребна структурна реформа, како онаа за еврото“.Саркози истакнал дека, доколку за една година не воочи напредок по ова прашање, Франција ќе го суспендира своето членство во Шенгенскиот договор, додека не се остварат напредувања, како и дека ЕУ треба да има можност да ги санкционира државите од шенгенската зона коишто нема доволно да ги надгледуваат своите граници. Францускиот претседател предложил европски закон сличен на оној во САД – „Купувај американско“ , кој би барал од владите да ги фаворизираат европските производи при нивните набавки и најавил дека доколку и во оваа сфера нема напредок, Франција ќе почне еднострано да ја спроведува ваквата мерка. „Ја посакувам Европа којашто ги штити своите граѓани. Не го сакам повеќе ова диво натпреварување. Велам не за Европа којашто ги отвора своите пазари додека другите не го прават тоа. Таквото однесување не значи прифаќање на слободното тргување, тоа значи да се прифати Европа како сито“, рекол Саркози проследен со громогласно одобрување од масата, пренесува AFP./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.