Свет
Јапонија нареди пресретнување на севернокорејската ракета
Јапонија во петокот донесе наредба со којашто на нејзината армија и’ се наложува да ја пресретне ракетата што Северна Кореја ќе ја лансира идниот месец, доколку таа претставува директна закана за земјата, што според владата сепак е малку веројатно.
„Не очекуваме дека ќе падне на наша територија. Сакаме нашата јавноста на го продолжи секојдневното работење и вообичаениот начин на живеење. Владиниот кабинет, за секој случај, ќе преземе мерки на претпазливост“, изјавил шефот на владиниот кабинет Осама Фуџимори на редовната конференција за медиумите, пренесува Reuters.
Комунистичката изолирана Северна Кореја најави дека патеката на ракетата со долг дострел води по јужната страна и нема да има никакво влијание врз соседните земји.
Јапонскиот министер за одбрана Наоки Танака изјави дека неговата земја ќе ги распореди разорувачите од типот „Aegis“ опремени со радар и пресретнувачките проектили „Standard Missile-3“ во Јапонското и во Источнокинеското Море, а на копно ќе ги стави во готовност ракетите „Patriot Advanced Capability-3′, распоредени на некои од јужните острови и во регионот на главниот град Токио.
Пресретнувачките проектили ќе бидат истрелани единствено доколку се добие впечаток дека севернокорејската ракета или нејзини делови може да паднат кон јапонската територија и да претставува закана за населението и објектите.
Слична наредба Јапонија објави и во април 2009 година, кога Северна Кореја истрела ракета којашто ја прелета земјата, но властите во Токио тогаш не издадоа команда да бидат активирани одбранбените проектили.
Официјален Пјонгјанг најави лансирање на ракета со сателит за метеоролошки цели во чест на 100-годишнината од раѓањето на Ким Ил-Сунг, творецот на комунистичката Северна Кореја и првиот во династијата Сунг којашто е на чело на оваа сиромашна земја. САД и неговите сојузници го обвинуваат Пјонгјанг дека всушност има намера да лансира балистички проектил со што ќе ја прекрши резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Истрелувањето на севернокорајската ракета е најавено за периодот меѓу 12-ти и 16-ти април./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.