Свет
Афтершок со магнитуда 8,2 го погоди брегот на Индонезија
Афтершок со магнитуда од 8,2 степени по Рихтер во средата го погоди крајбрежјето на индонезискиот остров Суматра, соопшти интернет страницата на Геолошката служба на САД – USGS.
Според последните податоци на службата, подземниот удар бил регистриран во 16,43 часот по локално време. Хипоцентарот на земјотресот е фиксиран на длабочина 16,4 километри. Епицентарот на потресот бил на 615 километри југозападно од градот Банда Ачех. Во целата област нема електрична енергија а во градовите се слушаат сирени за предупредување од опасност, пренесуваат агенциите.
Претходно американската геолошка служба јави дека првиот земјотрес што го погоди истата област бил со магнитуда од 8,7 степени според Рихтер. Потресот беше регистриран на длабочина од 33 километри. И натаму нема информации за евентуални жртви или материјални штети.
Силните потреси во индонезиското крајбрежје поради што е прогласена опасност од појава на цунами во Индискиот Океан, ги натера во средата жителите на регионот во панично бегство од своите домови и канцеларии и криење кон повисоките области во регионот.
На Тајланд во две покраини е прогласена опасност од цунами, во Пукета и Пангне во Адаманското Море каде што покраинските власти наредија евакуација.
Индискиот центар за тревожење најави дека се очекуваат бранови со височина од шест метри покрај деловите од источниот брег на земјата, а дека помали бранови ќе достигнат до Андамаските и Никбраските острови.
Предупредување од цунами е издадено за сите земи во Индискиот Океан.
Земјата се тресела и во Сингапур, Тајланд, Малезија и Индија. На повисоките катови во Малезија потресот се чувствувал цела минута, а на некои места почвата се тресела дури пет минути а уште не е воспоставен контакт со населението од областите близу епицентарот на земјотресот.
Земјотресот ја погоди речиси истата област како и земјотресот од 26-ти декември 2004 година, со магнитуда од 9,1 степени по Рихтер, а цунамито коишто потоа ја погоди Суматра однесе 170 илјади човечки животи. Вкупно од тоа цунами во 2004 година загинаа 230 илјади луѓе во 13 држави од Индискиот Океан, од Тајланд преку Индонезија до Шриланка и Индија.
Земјотресот од 24-ти декември 2004 година се случи на длабочина од 30 километри на раседлината којашто под Индискиот Океан се протега од западна Индонезија до Бенгалскиот залив./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

