Свет
НАТО може да остане во Авганистан и по 2014-та
НАТО не ја исклучува можноста дека војниците на Алијансата може да останат во Авганистан и по 2014 година, изјави во средата директорот на Канцеларијата за информации на НАТО во Москва, Роберт Пшел.
„Стратегијата на НАТО за повлекување на единиците од Авганистан се базира на повлекувањето на припадниците на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ) од земјата во 2014 година, по предавањето на одговорноста за безбедноста на самите Авганистанци. Меѓутоа, тоа не значи дека ние ќе ‘кренеме раце’ во тој момент“, изјавил Пшел за радиото „Ехото на Москва“.
Во операциите во Авганистан се вклучени мултинационални контингенти на анти-терористичката коалиција, која е предводена од командата на американските сили и војници во мисијата ИСАФ под команда на НАТО.
Главните цели на двата контингента, според нивното раководење се пребарување и уништување на авганистанските бунтовници припадници на екстремистичкото движење Талибан и припадници на меѓународната терористичка организација Ал Каеда.
Причината за почетокот на операцијата на САД и нејзините сојузници во Авганистан беа терористичките напади со авиони врз САД извршени од страна на припадници Ал Каеда од 11-ти септември 2001 година во коишто според официјалната статистика загинаа 2.974 лица, а 24 уште се водат како исчезнати. Се смета, исто така, дека во овие напади загинале и 19 терористи коишто ги извеле нападите./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

