Свет
Се одбележуваат сто години од потонувањето на Титаник
Сто години по потонувањето на „Титаник“ во неделата од двете страни на Атлантикот им се одава чест на жртвите од трагедијата што се случи на 14-ти април 1912 година во 23.40 часот, а легендарниот пароброд потона на 15-ти април во 2.20 часот.
Цвеќе беше фрлено во морето на местото каде што потона „Титаник“, факели беа запалени во канадското пристаниште Халифакс каде што се погребани многу жртви, свеченост се одржа и во Бефаст каде што голем брод беше изграден, се дел од настаните со коишто се одбележува стогодишнината од потонувањето на Титаник.
Паробродот „Титаник“ на британската компанија „Вајт стар Лејн“, бил вториот од три брода близнаци до типот „Олимпик“. Тој бил најголемиот и најраскошен патнички брод на светот во времето на неговата изградба. Во текот на својата прва пловидба од британскиот пристанишен град Саутемптон до Њујорк, САД, на 14-ти април 1912 година, „Титаник“ се судри со санта мраз и потонал за 2 часа и 40 минути во 2.20 часот. Според различни извештаи, во хаваријата животите ги загубиле меѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 507 биле спасени, од вкупно 2.208 патници и членови на екипажот.
Патниците на туристичкиот крстотувач „Azamara Journey“ кој исплови од Њујорк на 10-ти април 2012 година со 440 патници коишто за ова уникатно патување платија најмалку две и најмногу десет илјади долари допловија ноќта во сабота кон недела на местото на коешто потона „Титаник“ на 3.800 метри длабочина. Еден век подоцна точно во минута, од звучниците на бродот беше повторено предупредувањето на капетанот дека „Титаник“ удрил во санта мраз.
Бродот „Azamara Journey“ исплови од Њујорк точно на 100-годишнината од кога легендарниот „Титаник“ тргна на своето прво и последно патување. По патот бродот пристана во Халифакс, а потоа се насочи до местото на потонувањето на „Титаник“, каде што во спомен на загинатите во трагедијата беше отслужена свечена литургија.
На комеморативното патување заплови и луксузниот брод „Balmoral“ кој исто како и легендарниот пароброд, исплови од британското пристаниште Саутемптон со точно 1.309 патници, колку што се качиле и на „Титаник“ на 10-ти април 1912 година, точно во 16 часот. Капетанот и членовите на екипажот положија три венци во морските води.
„Balmoral“ ја повтори рутата на Титаник од трагичната ноќ во 1912 година. Бродот пловеше до пристаништето Шарбур во Франција и запре во Коби, пристаниште на западниот брег на Ирска во којашто „Титаник“ впловил на 11-ти април 1912 година. Потоа „Balmoral“ го продолжи патот преку Атлантикот до местото каде што потона „Титаник“. Во 2.20 часот на 15-ти септември, кога пред сто години паробродот се судрил со санта мраз, се одржа комеморација во знак на сеќавање на жртвите, патниците и членовите на екипажот, како и на самиот брод.
Двата брода за три дена треба да допловат до Њујорк.
Во Белфаст во неделата е отворен парк посветен на споменот на жртвите од бродоломот на „Титаник“. Политичарите и потомци на настраданите присуствуваа на откривањето на споменикот со пет бронзени плочи со имињата на сите жртви од несреќата на бродот.
Во Халифакс, исто така, во неделата, се одржува верска свеченост на која ќе присуствуваат христијани, Евреи и муслимани на гробиштата Fairview Lawn на коишто почиваат 121 загинат во потонувањето на „Титаник“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

