Свет
Талибаните најавија пролетна офанзива
Авганистанските талибани објавија дека синхронизираните напади во неделата во неколку покраини и во главниот град Кабул, претставуваат почеток на нивната пролетна офанзива.
Во неделата во Кабул беа нападнати седум локации, меѓу кои и командата на НАТО, авганистанскиот парламент и неколку амбасади на странски земји, како и во покраините Пактија и Логар.
„Овие напади се почеток на пролетната офанзива којашто ја планираме со месеци“, изјавил за Reuters портпаролот на радикалното исламско движење Талибан, Забиулах Муџахид.
Тој додал дека во нападите коишто почнаа околу пладне, учествуваат „десетици талибански борци“, вооружени со лесно и тешко вооружување, а некои и со моќни експлозиви.
Од НАТО потврдија дека во Кабул се нападнати седум различни локации, но сé уште нема информации за евентуални жртви.
Вооружените судири со талибаните во неделата се водат и околу седиштето на локалната управа во Ул-е-Алем, главниот град на покраината Когар и во Гардез, главниот град на покраината Пактија.
Во Кабул во неделата со ракети беа нападнати зградата на авганистанскиот парламент, и добро обезбедуваната дипломатска градска четврт.
Штабот на НАТО, „Кемп Вејрхаус“, во предградието тна Кабул заедно го бранат од нападот на талибаните труски и грчки војници, пренесува BBC.
Покрај парламентот на Авганистан во западниот дел од главниот град Кабул нападнати се добро обезбедениот дипломатски кварт во центарот на градот, пренесуваат агенциите повикувајќи се на очевидци.
Истрелите се слушале од разни правци, а од неколку локации во Кабул се издигнуваат столбови од чад, пренесува Reuters. Очевидци за агенцијата велат дека низ градот се слушаат алармните уреди во странските амбасади, а пукотници имало во близината на амбасадите на САД и на Велика Британија.
Портпаролот на авганистанскиот парламент изјави дека биле нападнати и зградата на парламентот и руската амбасада. Меѓутоа, од руската амбасада ниту потврдиле ниту ја демантирале оваа информација, велејќи само дека ситуацијата е „нормална“ и оти се „преземаат сите потребни безбедносни мерки“, пренесува РИА Новости.
Талибаните ја преземаа одговорноста за овие напади во Каубул, пренесува американската телевизиска мрежа CNN, а во нивното соопштение испратено до агенциите се вели дека истовремено вршат напади и во покраините Пактија и Логар.
Според Reuters кој се повикува на неименувани претставници на НАТО, биле нападнати седум различни локации во Кабул.
„Авганистанските безбедносни сили (ANSF) и меѓународните сили за помош во Авганистан (ИСАФ) одговорија соодветно“, соопшти портпаролот на мисијата ИСАФ преку својот профил на микроблогот Твитер.
Американската администрација соопшти дека целиот персонал во амбасадата на САД во Кабул е на безбедно место, и меѓу нив нема повредени.
Во септември 2011 година беше изведе сличен напад во Кабул, кога талибаните заземаа неколку згради во изградба во центарот на градот ги користеа за ракетни напади и митролески оган./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

