Свет
Во Сирија убиени 10 припадници на безбедносните сили
Десет припадници на сириските безбедносни сили се убиени во петокот во експлозија на направа што ја поставиле „терористите“ во областа на Кунеитра, во јужниот дел од земјата, јави државната агeнција SANA.
„Вооружена терористичка група активираше експлозивна работа од 100 килограми во Сам ал-Џолана во областа на Кунеита, усмртувајќи притоа десет припадници на безбедносните сили“, са наведува во информацијата на агенцијата во којашто се додава дека бил кренат во воздух автобус со кој се превезувале сириски војници.
Претходно во петокот беше објавена информацијата дека во градовите Дера’а, Хама и Алепо загинале пет припадници на владините безбедносни сили и еден цивил, од страна на „вооружените терористички групации коишто го прекршуваат планот на меѓународниот пратеник Кофи Анан“.
Овие инциденти се случија во моментите додеа групата меѓународни набљудувачи со мандат од Обединетите нации се наоѓаат во главниот град Дамаск следејќи го кревкото примирје коешто беше прогласено на 12-ти април си планот на специјалниот претставник за Сирија на Обединетите нации и на Арапската Лига, Кофи Анан со којшто треба да се запре 13-месечнито конфликт меѓу режимот на претседателот Башар ал-Асад и вооружените опозициски формации во коишто од двете страни има илјадници жртви. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

