Свет
Шефот на набљудувачката мисија на ОН допатува во Сирија
Норвешкиот генерал Роберт Мод, кој ја предводи мисијата на невооружени воени набљудувачи на ОН за надгледување на примирјето во Сирија, во неделата пристигна во Дамаск.
Меѓутоа, според новинските извештаи примирјето е многу кревко, а според државните медиуми опозициските вооружени бунтовници истрелале неколку гранати во зградат ана Сириската централна банка во главниот град Дамаск и раниле четворица полицајци од патрола.
Опозициските активисти потврдиле дека во главниот град се слушнале експлозии и пукање, и додале дека доаѓањето на меѓународните набљудувачи помогнало за смирување на судирите во градот Хамс, еден од центрите на 13-емсечниот бунт.
Генералот Роберт Мод признал дека 300-члената мисија што ја предводи ја чека тешка задача, но нагласи дека е убеден оти може да се постигне напредок.
„Нé има само 300, но можеме да постигнеме напредок“, изјави генералот Мод по пристигнувањето на аеродромот во Дамаск.
Во моментов мисијата на Обединетите нации за надгледување на примирјето во Сирија на теренот има 30-ина набљудувачи.
Официјалната сириска новинска агенција SANA соопшти дека набљудувачите на ОН во неделата биле во обиколка на градот Хомс, којшто беше гранатиран од страна на владините сили и по почетокот на примирјето од 12-ти април. Опозициските активисти во Хомс изјавија дека судирите се значително намалени откако минатата седмица во градот беа распоредени меѓународните набљудувачи.
„Триесетина невооружени набљудувачи, триста невооружени набљудувачи, дури ниту илјади набљудувачи не може да ги решат сите проблеми. Ги повикувам сите страни да ни помогнат и да соработуваат со нас во оваа тешка задача“, изјави Мод.
Обединетите нации тврдат дека силите на претседателот Башар ал-Асад се убиени најмалку 9.000 илјади, во бунтот последен во серијата востанија во арапскиот свет. Сириските власти за борбите ги обвинуваат „терористички групи оркестрирани од странство“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

