Свет
На Строс-Кан ќе му се суди за силување
Американските адвокати на поранешниот челник на ММФ, Доминик Строс-Кан во вторникот изјавија дека се разочарани бидејќи судијата го одбил нивното повикување на дипломатски имунитет па ќе му се суди за обид за силување на Нафисату Даило.
„Разочарани сме што судот го препрати случајот на граѓанска парница. Тој ќе се бори против обвиненијата и веруваме дека ќе победи“, се наведува во соопштението на адвокатите Вилијам Тејлор и Амит Мехт, што го цитира AFP.
Адвокатите безуспешно се обидуваа да го убедат адвокатот Даглас Меккоен дека нивниот клиент Доминик Строс-Кан, како поранешен извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд има апсолутен дипломатски имунитет. Меѓутоа, судијата сметал дека неговиот имунитет престанал да важи во моментот кога си поднесе оставка од функцијата поради скандалот во њујоршкиот хотел.
Неодамна Строс-Кан ги обвини политичките противници, блиски на актуелниот француски претседател Николас Саркози дека со режирање на редица афери за него му ја уништија неговата претседателска кандидатура за актуелните претседателски избори во Франција.
Набрзо по оставката на Строс-Кан, неколку пратеници од француската социјалистичка партија, чиј член е и поранешниот шеф на ММФ, навестија за можна поврзаност меѓу инцидентот и неговото апсење во Њујорк и министерството за внатрешни работи на Франција. Поточно, заменик-претседателот на советот на пратениците од парискиот регион Ил-де-Франс, социјалистката Мишел Сабан потсети дека полицискиот комесар на Њујорк во 2006 година, го доби француското одликувања Легија на честа од рацете на сегашниот француски претседател Николас Саркози, кој во тоа време го водеше министерството за внатрешни работи.
Актуелниот француски министер за внатрешни работи Клод Геан, пак, негираше вмешаност на неговото министерство во њујоршкиот случај.
Доминик Строс-Кан беше уапсен во Њујорк на 14-ти мај 2011 под обвинение на собарка од тамошниот хотел „Sofitel“ за сексуални дејствија со насилни природа. По пет дена, Строс-Кан, си поднесе оставка како директор на ММФ. Во почетокот на јули, судијата го отфрли случајот на барање на обвинителот, кој се откажа од тужбата поради утврдени лаги во исказите на 32-годишната Нафисату Диало. На овој начин заврши три месечната судска сапуница, поради која Строс-Кан го загуби местото директор на ММФ, и која тешко му наштети на неговиот углед.
Поранешниот шеф на ММФ беше обвинет по седум точки, меѓу кои и за силување и сексуален напад. Државниот обвинител на Њујорк, Сајрус Ванс појасни дека собарката Диало, која го обвини Строс-Кан дека ја принудил на орален секс во апартманот во хотелот Софител, во повеќе наврати на истражителите им зборувала невистини. Таа, според обвинителот, дала „три контрадикторни верзии“ на она што се случувало. Таквите изјави „сериозно наштетиле на нејзината веродостојност“ и во тој случај, како што додаде обвинителот, не сакал да го прифати ризикот да го загуби процесот. Претходно, судот во Менхетн, го одби барањето на хотелската собарка, де се именува специјален обвинител за случајот. Така, случајот против Строс-Кан беше затворен на 23-ти август а во септември минатата година тој се врати во Франција.
На крајот на мај 2011 година парискиот весник Le Mond пишуваше дека непосредното опкружување на Саркози во почетокот на 2007 година донело одлука да не се лиферуваат инкриминирачки информации за наводните врски на Строс-Кан со жени со „лесен морал“.
Во октомври минатата година, француската писателка и новинарка Тристан Банон, која тврдеше дека Строс-Кан се обидел да ја силува во 2003 година, се откажа од покренување на граѓанска парница против него. Банон изјави дека секогаш тврдела дека ќе покрене парница „само ако не и’ биде признат статусот на жртва“. Обвинителот една седмица претходно ја отфрли кривичната пријава против Строс-Кан за обид за силување на Тристан Банон, но наведе дека тој за време на испитувањата ги признал делата кои можат поблаго да се квалификуваат – како сексуално вознемирување. Банон тогаш изјави дека обвинителот потврдил дека таа била жртва на сексуален напад, но дека случајот застарел бидејќи од нападот поминале повеќе од три години.
Наскоро францускиот печат почна да истражува нов сексуален скандал во кој повторно беше инволвиран Строс-Кан. Според медиумите на клиентите на хотелот „Carlton“ во францускиот град Лил редовно им се нудат за услуги на проститутки. Организаторите на проституцијата, наводно, не се ограничувале само на хотелот, туку организирале разуздани забави и по европските градови. Според тврдења на сведоци, активен учесник во таквите забави бил Строс-Кан.
На 26-ти март годинава иследниците во францускиот град Лил му го предадоае на Доминик Строс-Кан обвинението за соучесништво во подведување со учество во криминална група, за што му се закануваат 20 години затвор. Притоа, инспекторите не му го предале на поранешниот француски министер обвинението за прикривање на злоупотреби на јавните фондови, за што Доминик Строс-Кан, исто така, е осомничен.
Строс-Кан е обвинет во случајот на проституција во хотелот „Carlton“ во Лил. Според инспекторите, тој повеќепати учествувал во развратни забави во Париз, Вашингтон и други градови, на кои биле поканувани проститутки коишто понекогаш биле плаќани од сметките на француски компании.
Кон средината на јануари годинава, девојка од белгиска агенција за придружба Ан-Мари С. поднесе судска тужба против Доминик Строс-Кан, кого го обвинува дека грубо ја принудил на сексуален односи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, изјави денеска портпаролот на авиокомпанијата.
Тој додаде дека компанијата ги суспендира и летовите до и од Дубаи денеска и утре.
„Ер Франс“ исто така ги откажа летовите до и од Тел Авив и Бејрут што беа закажани за денеска.
Според холандска новинска агенција, „КЛМ“ откажа лет од Амстердам до Тел Авив по нападите во Иран.
„Виз Ер“ исто така ги суспендираше сите летови до и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман до 7 март, соопшти компанијата.
Во соопштението се вели дека авиокомпанијата внимателно ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност на воздушниот сообраќај, безбедносните власти и надлежните владини институции.
Додадено е дека оперативните одлуки ќе продолжат да се разгледуваат и дека распоредите на летовите би можеле да се прилагодуваат како што се развива ситуацијата.
Ер Арабија, исто така, ги откажа летовите до Иран, Ирак и други делови од регионот.
Шпанската авиокомпанија Иберија Експрес, исто така, го откажа летот до Тел Авив, кој беше закажан за денеска во 17 часот по локално време.
Ирак, Катар и Кувајт, како и Обединетите Арапски Емирати денеска го затворија својот воздушен простор.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно денеска изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Извор потврди за Си-Ен-Ен дека израелскиот напад врз Иран утрово бил координиран со САД.
Американските претставници изјавија дека очекуваат нападот врз Иран да биде „далеку пообемен“ од американските напади минатиот јуни врз иранските нуклеарни постројки.
Американските напади врз Иран се извршуваат од воздух и од море, изјави американски претставник.
Свет
Операцијата во Иран наречена „Епски гнев“
Пентагон денеска објави дека американските напади врз Иран се нарекуваат операција „Епски гнев“.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД го напаѓаат Иран и ги наведе причините за таквата одлука.
Израел, исто така, објави дека го напаѓа Иран, а израелскиот министер за одбрана Израел Кац и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, ги наведоа причините за нивниот потег.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

