Свет
Меѓународна осуда на масакрот во сирискиот град Хула
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, специјалниот меѓународен пратеник за Сирија Кофи Анан, како и шефот на меѓународните набљудувачи во Сирија норвешкиот генерал Роберт Муд во сабота ја осудија бруталната трагедија во градот Хула во провинцијата Хомс.
Според последните податоци на Сирискиот центар за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон, во градот Хула загинале 92 лица, од кои 32 деца, како резултат на артилерискиот оган отворен од страна на армијата на Сирија. Смртта на цивилите во градот Хула ја потврдија и воените невооружени набљудувачи со мандат на Обединетите нации.
„Тоа е провокација и брутално злосторство, бидејќи на неселктивната и непроперционална употреба на сила претставува флагрантно кршење на меѓународното право и обврските на сириската влада да престане со користење на тешкото оружје во населените места, да не се прибегнува кон насилство во каква и да е форма“, се истакнува во соопштението на Бан Ки-Мун и Кофи Анан издадено во саботата навечер.
Според генералниот секретар на Обединетите нации и специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, одговорните за овој напад мора да бидат казнети.
Шефот на набљудувачката мисија на ОН во Сирија, генералот Роберт Муд претходно го опиша слученото во Хула како „брутална трагедија“, но притоа не прецизираше кого набљудувачите го сметаат за одговорен за масакрот. Муд, истот така, изјави дека набљудувачите, кои лично го посетиле местото на трагедијата во областа забележале тенковски гранати.
Генералот Муд за новинарите на прес-конференција во сириската престолнина Дамаск изјави дека „Без оглед на тоа кој го извршил масакрот и кој прв го започнал пукањето, смета дека сите коишто учествувале во ова крваво насилство мора да одговараат“.
„Генерла Муд ја повикува сириската влада повеќе да не го користи тешкото вооружување, а сите страни ги повикува да го прекинат насилството во каква и да е форма“, се наведува во соопштението поделено на новинарите по прес-конференцијата. Муд притоа предупредува и од опасноста од избувнување граѓанска војна. „Тие коишто користат насилство за сопствени цели може да ја направат ситуацијата уште понестабилна, а ваквото насилство е неприфатливо и непростливо. Убиствата на невини деца и цивили мора итно да престанат“, предупредува генералот Муд.
Кофи Анан има намера наскоро да го посети Дамаск и да се сретне со претставнциите на опозицијата со коишто ќе разговара за преземање итни мерки за решавање на конфликтот во Сирија кој трае речиси 14 месеци.
Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека ќе побара остра реакција на меѓународната заедница за овоа „страшно злосторство“, а масакрот го осудија и претседателот на Арапската лига, Набил ал-Араби, како и францускиот министер за надворешни рбаоти Лорен Фабиус, а исто така жестока осуда за масакрот во Хула стигна и од Германија.
Шефот на француската дипломатија Фабиус рече дека работи на органзирање на состанок на групата Пријатели на Сирија во Париз, меѓу коишто се претставниците на арапските земји и западните држави, но не и Русија и Кина, двете држави коишто од одамна одржуваат тесни врски со Дамаск и претходно во два наврата блокираа носење резолуција за Сирија во Советот за безбедност на ОН со која ќе биде осуден само режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и ќе се воведат санкции против него. Британскиот министер Хејг извести и дека има намера да свика итна седница на Советот за безбедност.
Претставниците на Слободната сириска војска којашто се бори против армијата на режимот на претседателот Асад изјавија дека веќе нема да можат да се придржуваат до договорот за примирје, освен доколку Советот за безбедност на ОН не ја гарантира безбедноста на цивилите.
Според податоците на Сириската опсерваторија за човекови права (ODSH) со седиште во Лондон, во масакрот биле убиени повеќе од 110 лица. Портпаролот на Опсерваторијата, Аусама Монаџед изјави дека режимот избира изложени градови за на целата земја да и’ одржи лекција. Активистите на Опсерваторијата поради масакрот и во знак на почит кон жртвите повикаа на ден на жалоста.
Судирите во Сирија продолжија и покрај разместувањето на 270 воени неооворужени набљудувачи со мандат на Обединетите нации, кои го надгледуваат прекинот на огнот како една од првите точки на планот на специјалниот пратеник Кофи Анан со кој се согласија и двете страни. Според податоците на ОН, од март 2011 година откако избија протестите во Сирија инспирирани од ткн Арапската пролет што ги зафати Тунис, Либија, Египет и другите арапски земји, коишто се претворија во крвави судири по обидот на сириските безбедносни сили да ги задушат со сила, во конфликтот загинале повеќе од 10 илјади лица. Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права смета дека бројот лица кои ги загубија животите во 14-месечните судири надминува 12 илјади. Официјален Дамаск, пак, тврди дека бројот на загинатите изнесува околу 4.500 луѓе и уште 2.800 припадници на безбедносните сили коишто „се напаѓани од добровооружените терористички групи оркестрирани од странство“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шест нови имиња откриени од архивата за Епстин, расте притисокот за целосна транспарентност
Откриен е идентитетот на шест лица oд досиејата за Џефри Епстин, чиишто имиња досега не биле објавени. Информацијата ја објави конгресменот Ро Кана, демократ од Калифорнија, наведувајќи дека станува збор за Салватор Нуари, Зураб Микеладзе, Леоник Леонов, Никол Капуто, Султан Ахмед бин Сулајем и милијардерот и претприемач Лесли Векснер, пренесува „Њузвик“.
Кана и републиканскиот конгресмен Томас Меси од Кентаки го обвинија американското Министерство за правда (DOJ) дека неосновано ги криело овие информации од јавноста.
„Моето прашање е зошто Томас Меси и јас моравме лично да одиме во Министерството за правда за имињата на овие шестмина да станат јавни“, изјави Кана за време на расправа во Претставничкиот дом. „Ако за два часа откривме шест имиња што ги криеле, замислете колку уште лица прикриваат во три милиони документи.“
Министерството за правда неодамна објави повеќе од три милиони страници документи, како и илјадници фотографии и видеа од истрагите поврзани со Епстин, финансиски магнат и осуден сексуален престапник кој во 2019 година изврши самоубиство во затвор додека чекаше судење за трговија со луѓе за сексуална експлоатација.
Иако властите тврдат дека со тоа ги исполниле обврските од Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, и натаму трае расправата околу тоа кои податоци се затемнети, од кои причини и дали ќе биде потребно дополнително објавување документи.
Кана и Меси побараа целосно објавување на сите документи поврзани со Епстин, тврдејќи дека Министерството го прекршува Законот за транспарентност. Шесте објавени имиња, според нив, се сметаат за потенцијални соучесници.
Најпознатото име на листата е Лесли Векснер.
„Не гледам ниту една одредба во законот што дозволува имињата на овие мажи да бидат затемнети“, изјави Меси. „Станува збор за список од дваесет лица. Максвел и Епстин се наведени, можеби уште едно или две лица, а сите останати се скриени.“
Меси додаде дека имињата „веројатно се инкриминирачки“, наведувајќи дека едно лице наводно има висока позиција во странска влада.
„Едно од другите имиња е многу истакната личност“, додаде Кана.
Според него, дополнителна загриженост предизвикува фактот што многу делови од досиејата и понатаму се затемнети. Тој тврди и дека Министерството наводно „масовно ги затемнило“ сите женски имиња, што отвори нови прашања за можни учесници во мрежата на Епстин.
Пред донесувањето на Законот за транспарентност на досиејата на Епстин во ноември, претседателот Доналд Трамп и високи претставници на неговата администрација изразуваа скепса кон целосното објавување на документите. Белата куќа и Министерството за правда првично беа воздржани, но Трамп подоцна го промени ставот и го потпиша законот.
Заменик-државниот обвинител Тод Бланш минатиот месец изјави дека Министерството не се обидува да го заштити Трамп при објавувањето на документите. Трамп повеќепати негираше каква било поврзаност со кривичните дела на Епстин и никогаш не бил обвинет во тој случај.
Анализа на „Њујорк тајмс“ покажала дека во објавените документи Трамп, Меланија Трамп, неговиот клуб Мар-а-Лаго и поврзани теми се спомнуваат повеќе од 38.000 пати. Тие наводи не имплицираат кривична одговорност и вклучуваат новински текстови, интерни расправи во Министерството, летни дневници, електронски пораки и непроверени пријави.
Сè поизвесно е дека Министерството за правда би можело да биде принудено да објави дополнителни информации, вклучително и претходно задржани имиња на потенцијални соучесници. Сè уште не е јасно кои податоци се заштитуваат и од кои причини, што предизвикува сè поголем јавен и политички притисок за целосна транспарентност.
Свет
Трамп најави можност за ново воено засилување кон Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека размислува да испрати втора ударна група носачи на авиони на Блискиот Исток, доколку пропаднат преговорите со Иран.
Тој рече дека САД веќе имаат „армада“ во регионот и дека опциите се јасни: „Или ќе постигнеме договор или ќе мора да направиме нешто многу остро, како и минатиот пат.“
Во моментов во регионот е распоредена ударната група околу носачот „USS Abraham Lincoln“, а американски претставник потврдил дека се воделе разговори за дополнително засилување.
Иако воено го засилува присуството, Трамп изразил оптимизам дека Иран сега посериозно пристапува кон преговорите, кои беа обновени во Оман.
Спорна точка останува иранската позиција дека нема да преговара за ништо освен за нуклеарната програма, и тоа без откажување од збогатување ураниум. Трамп изјави дека евентуален договор треба да го опфати нуклеарната програма и иранските балистички ракети.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигнува во Вашингтон на разговори, додека Иран ја засилува дипломатската активност преку Оман и Катар.
Свет
Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк
Пилотите и кабинскиот персонал на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ во четврток ќе почнат целодневен штрајк поради спор околу платите и условите за работа.
Синдикатот „Vereinigung Cockpit“ бара повисоки пензии за пилотите, додека синдикатот на кабинскиот персонал „UFO“ сака да го принуди работодавачот на преговори за различни колективни договори.
На патниците им е порачано да се подготват за откажувања и доцнења на летовите, а се очекува штрајкот да ги погоди сите поаѓања од Германија. Ќе бидат засегнати и товарните летови.
Засега не е познато колку летови ќе бидат откажани. Портпаролот на компанијата изјави дека очекуваат подетални информации од синдикатите.
Пилотите минатата година со мнозинство гласови одлучиле да преземат индустриска акција поради барањата за повисоки придонеси од страна на работодавачот за пензии.
Синдикатот „UFO“ со штрајкот, кој е свикан без гласање, сака да го натера работодавачот на преговори за колективните договори во матичната компанија Луфтханза и во регионалната подружница „CityLine“. Само во „CityLine“, наводно, околу 800 работни места се загрозени поради овој потег.
Според билтенот на синдикатот, управата одбива преговори. Во матичната компанија досега безуспешно се чекало отворање на разговори за колективен договор.

