Свет
Сириските бунтовници нападнаа касарна
Сириските војници ноќта кон средата нападнале касарна во северозападната покраина Латакија и убиле најмалку 20 војници од регуларната армија, соопшти во средата активисти на една групација, пренесува Reuters.
Активистите на Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон (OSDH) чиишто соопштенија западните медиуми редовно ги пренесуваат соопшти во средата дека бунтовниците заробиле неколку војници, меѓу кои и полковник, а „освоиле3 и неколку машинки и ракетни фрлачи.
Латакија е покраина на средоземноморското сириско крајбрежје во чиј истоимен центар претежно живат христијани беше релативно мирна до мај. Последните седмици, според западните медиуми, почнале напади врз тенковите на сириската армија и контролните пунктови на безбедносните сили, а како што тврдат активистите во некои области бунтовничката слободна сириска војска успеала под контрола да ги задржи освоените територии.
Армијата и бунтовниците, пак, во градот Хомс се договорија за примирје, ма Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) соопшти дека се подготвува да ги евакуира ранетите и заробените цивили во градот.
Портпаролот на ICRC, Хушам Хасан изјави дека претставниците на Црвениот крст и на сириската Црвена полумесечина се подготвени да влезат во Хомс, во кој од февруари загинале стотици луѓе.
Петнаесет месеци од почетокот на демонстрациите против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад инспирирани од ткн Арапска пролет во Тунис, Либија, Египет итн, коишто режимот се обиде да ги задуши со сила, тие се претворија во вооружен конфликт меѓу опозицијата и поддржувачите на режимот, и се повеќе поприма белег на меѓуконфесионален судир. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

