Свет
Цивилите го напуштаат Дамаск
Стотици жители на сириската престолнина Дамаск во четвртокот го напуштиле градот поради судири и бомбардирање на одредени квартови, пренесува AFP за која сириски безбедносни извори рекле дека војската го повикува населението да ги напушти воените зони.
Судирите од одредени населби на Дамаск се одигруваат ден откако беше изведен бомбашки напад врз зградата на сириската безбедносна служба во кој загинаа тројца високи воени функционери, меѓу кои и шурата на претседателот Башар ал-Асад.
„Борбите се многу жестоки и веројатно ќе продолжат идните 48 часа, за Дамаск да биде исчистен од терористите пред почетокот на Рамазан (месец на муслиманскиот свет месец на пост кој почнува во петок – з.р.). Војската досега беше воздржана во судирите, но по обој напад се одлучи да го употреби сето оружје што и’ стои на располагање за да се пресмета со терористите“, рекол соговорникот на AFP.
Според извор „војската на граѓаните им упати повик да се оддалечат од борбените зони додека терористи сакаат да ги искористат како жив штит“. Според податоците на Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон чиишто соопштенија западните медиуми редовно ги пренесуваат, додека руската страна ги смета за невалидни, од неколку населби на Дамаск своите домови ги напуштиле „повеќе стотици жители“.
Според Опсерваторијата, во средата повеќе од 200 цивили биле убиени во судирите во Сирија, меѓу кои 38 во Дамаск, каде од неделата започнаа престрелки меѓу војската и бунтовниците.
Според OSDH загинале најмалку 214 лица, меѓу кои 214 цивили, 62 војника и 28 бунтовници, несметајќи ги тројцата високи функционери убиени во нападот, заменикот на министерот за добрана и шура на претседателот Асад, Асеф Шавкат, минситрот за одбрана Дауд Раџа и командантот на кризниот штаб за задушување на бунтот Хасан Туркмани.
Според западни извори и сириската опозиција сирискиот претседател Башар ал-Асад по нападот заминал за крајбрежниот град Латакија, од каде што ги координира операциите против бунтовниците. Оваа вест изворите ја темелат на фактот дека по нападот во средата претседателот Асад. Меѓутоа западните медиуми се контроверзни по прашањето дали Асад за Латакија отпатувал пред или по нападот.
„Според нашите информации Асад се наоѓа во својата палата во Латакија и таму би можел да се задржи неколку дена“, изјавил за Reuters висок функционер на сириската опозиција кој сакал да остане анонимен. Дворецот во кој Асад порано отседнувал и од каде ги водел државните работи се наоѓа на брегот во близина на Латакија, главното сириско пристаниште.
Зададен дипломат кој го следи развојот на ситуацијата во Сирија изјавил дека јавноста сега е во очекување колку Асад добро ќе успее да ги води командните структури, Во покраината Латакија, инаку, се наоѓаат неколку градови во коишто живеат припадници на малцинската алавитска заедница на којашто и’ припаѓа и Асад. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.
Свет
(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен
Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.
Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.
השר בן גביר היה מעורב בתאונת דרכים סמוך לזירת הפיגוע ברמלה, מצבו קל
(אורלי אלקלעי) @OferHalfonKan pic.twitter.com/iDT6Aq0OIo
— כאן חדשות (@kann_news) April 26, 2024
Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.
Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.
Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.