Свет
Десет мртви по пукање на кино-проекција во САД
Најмалку десет луѓе загинаа, а десетици се ранети во пукотници во градот Аурора, Колорадо, при проекција на „Бетмен“ во киносала.
Медиумите пренесуваат дека најмалку десет луѓе се убиени, а околу 20 ранети, при пукање за време на проекција на новиот филм за Бетмен во локален трговски центар.
Тројца од повредените се во критична состојба.
Портпаролката на полицијата, Касиди Карлсон, вели дека на терен сè уште владее хаос, а во моментот не може да објави повеќе информации.
Некои медиуми пишуваат дека повредени се меѓу 30 и 40 лица.
Според локалните медиуми, двајца мажи едноставно почнале да пукаат врз посетителите на киното, а во еден момент се слушнала и експлозија.
„Точниот број на повредени не е познат во овој момент“, на Твитер напиша Ал Бо, новинар „BNO News“. „Се слушна експлозија, но поранешните извештаи велат дека имало и пукање“.
Полицијата го пребарува трговскиот центар, а соопшти дека главен осомничен е еден Индиец.
Како мерка на претпазливост блокирани се сите кина во околината на Денвер и евакуирани се посетителите./крај/abc/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.