Контакт

Свет

Морган Фримен донираше милион долари за Барак Обама

Објавено пред

Актерот Морган Фримен донираше милион долари за претседателската кампања на Барак Обама.

dobivaj vesti na viber

Донацијата е уплатена на сметка на организацијата „Priorities USA Action“, која не е директно поврзана со претседателската кампања, но која го финансира рекламирањето на Обама во кампањата за повторен избор за претседател.

Со донацијата од Фримен, „Priorities USA Action3 ја достигна целта од шест милиони долари донации во мај. Фримен порано изјави дека Обама направил неверојатна работа со оглед на околностите во кои се најде САД за време на неговиот мандат.

„Обама ја заврши војната во Ирак. Направи соодветни реформи на Вол Стрит. Ја спаси автомобилската индустрија и го заштити здравственото осигурување на сите Американци. Препозна потполна еднаквост меѓу браќата и сестрите и постави импресивни жени во Врховниот суд. Горд сум што можам да го дадам својот глас и поддршка за него и за оние кои се на негова страна“, вели Фримен.

Тој е само еден во низата познати личности кои му пружија поддршка за кампањата на повторниот избор на Обама на местото претседател на САД.

До сега го поддржаа и Џорџ Клуни, Ева Лонгорија, Сара Џесика Паркер и Гвен Стефани./крај/ап/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Нема контаминација околу нуклеарните постројки што ги нападна САД, објави иранскиoт регулатор

Објавено пред

Иранскиот надзорник за нуклеарна енергија извести дека нема траги од контаминација околу погодените објекти и дека нема опасност за жителите на околните области, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки во неделата рано наутро кои се целосно уништени, според американскиот претседател Доналд Трамп.

Иранските медиуми објавија дека по американските напади не се пронајдени траги на контаминација во областите околу нуклеарните постројки и дека нема опасност за жителите на околните градови, пренесе Ројтерс.

Не се откриени радиоактивни траги во околината на Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив по американскиот напад врз иранските нуклеарни постројки, објави во неделата нуклеарната организација на Саудиска Арабија на платформата „Икс“.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран најави одговор по нападот на САД: „Ќе има трајни последици“

Објавено пред

Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“, нагласувајќи дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.

dobivaj vesti na viber

Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.

„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие“, рече Аракчи.

Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет, своите интереси и својот народ, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и одредбите кои дозволуваат легитимен одговор во самоодбрана, заклучи иранскиот министер.

Американските сили рано утринава бомбардираа три ирански нуклеарни постројки, објави мериканскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека операцијата била исклучително успешна и дека објектите се „целосно уништени“.

Трамп му се закани на Иран со нови напади доколку Техеран не се согласи на мир, нагласувајќи дека САД ќе одговорат со „уште посилна сила“ на секоја можна одмазда.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.

dobivaj vesti na viber

„Сите ги слушаа тие имиња со години додека ја градеа таа страшна и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше да го уништиме иранскиот објект за збогатување ураниум“, рече Трамп.

Тој додаде дека нападите биле спектакуларен воен успех и дека клучните капацитети за збогатување ураниум биле целосно уништени.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран мора да се согласи на мир сега, што претходно го кажа во објава на неговата социјална мрежа „Тру соушал“.

„Иран, насилникот на Блискиот Исток, мора да се согласи на мир сега. Ако не го стори тоа, идните напади ќе бидат многу помоќни и многу полесни за извршување“, рече Трамп во обраќањето до јавноста.

Тој додаде: „Или ќе има мир, или Иран ќе доживее трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во последните осум дена. Запомнете, остануваат уште многу голови“.

Трамп и се заблагодари на израелската армија и ги пофали американските пилоти: „Светот со децении нема видено ваква операција“

Американскиот претседател рече дека САД и Израел работеле како тим. Тој ѝ се заблагодари на израелската армија за, како што рече, „одлична работа“, а посебно ги пофали американските пилоти и војници кои учествуваа во нападот на иранските нуклеарни постројки.

„Сакам да и’ се заблагодарам на израелската војска за прекрасната работа што ја направија, и уште поважно, сакам да им честитам на големите американски патриоти кои ги пилотираа тие прекрасни машини вечерва, како и на целата американска војска за операцијата каква што светот не видел многу, многу децении“, рече Трамп во обраќањето до нацијата.

Тој додаде дека ниту една армија во светот не можела да го направи тоа што го направија САД таа вечер и го пофали врвот на американската команда.

„Исто така, сакам да му честитам на претседателот на Здружениот Генералштаб, генерал Ден „Разин“ Кејн, спектакуларен командант и на сите брилијантни воени умови вклучени во овој напад“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки....

Свет19 минути

САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц...

Македонија11 часа

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ16 часа

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија17 часа

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија18 часа

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија19 часа

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија20 часа

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...

Македонија21 час

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час...

Свет23 часа

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија1 ден

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ1 ден

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија2 дена

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија2 дена

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија2 дена

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија2 дена

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија2 дена

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија2 дена

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија2 дена

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија2 дена

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...