Свет
Нови бомбардирања и жестоки судири во Алепо
Сириската армија со поддршка на тенкови и авијацијата бомбардирале во четвртокот неколку предградија во вториот град по големина во земја Алепо кој речиси цел месец е претворен во боиште.
Квартовите Сахур, Тарик ал-Баб, Бустане ал-Каср и ал-Шар се бомбардирани во четвртокот наутро со тешка артилерија, објави една од опозициските групи Главната комисија на сириската револуција околу којашто се групираа бунтовниците, како и Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
Во населбата Тарик ал-Баб паѓала по една граната на секои пет минути, додека борбени авиони ја бомбардирале населбата Сахр.
Судири имало и во населбата Салахедин, коешто се смета за главно упориште на сириските бунтовници, каде е убиен еден бунтовник, како и во Сеиф ал-ДАвил, Слејманиа ал-Халаби и Хамаданија, истакнува Опсерваторијата.
Според нејзините податоци, коишто редовно ги пренесуваат западните агенции, судири имало и ноќта во средата во близина на аеродромот Менах во близина на Алепо. Востаниците тврдат дека авионите коишто го бомбардираат Алепо полетуваат токму од овој аеродром.
На почетокот од битката за Алепо се претпоставуваше дека на ова боиште има 20 илјади припадници на регуларната армија и околу шест до осум илјади бунтовнички борци, коишто тврдат дека контролираат повеќе од половината од вториот по големина град во Сирија со околу 2,5 милиони жители.
Битката за Алепо се смета за клучна за двете завојувани страни во Сирија. За режимот, станува збор за вториот по големина град во земјата и важен трговски град во кој власта има многу сојузници, особено меѓу деловните луѓе на кои смета за финансирање на војната. За бунтовниците, пак, тоа е клучен град на северот од земјата чиешто заземање би можело да обезбеди заштитена зона слична на онаа кај Бенгази во либиската револуција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.