Свет
Иран доврши 30 отсто од својот противракетен штит

Иран реализирал околу 30 отсто од својот противракетен одбранбен систем кого го развива наместо рускиот систем С-300 за кој Москва го поништи договорот за негово испорачување на Техеран, поради меѓународните санкции.
Командантот на иранската противвоздушна одбрана Фарзад Есмаили, изјави дека се надева оти систем оче биде довршен во текот на 2013 година, а притоа и најави дека иранската армија ќе одржи голема вежба на противвоздушната одбрана, соопшти иранската новинска агенција ISNA.
Иран кој се наоѓа под се позасилен притисок од Израел и западните сили поради неговата контроверзна нуклеарна програма, претходно годинава најави унапредување на својот оружен систем и веќе одржа неколку воени вежби за да ја демонстрира својата способност да се одбрани од евентуални напади.
Агенцијата ISNA ја пренесе и изјавата на Есмаили дека Иран своите системи за противвоздушна одбрана ќе ги тестира до средината на октомври или до почетокот на ноември годинава.
„Ќе употребиме сé што имаме на располагање за да го одбраниме Иран, Денес главна закана претставува воздушната закана, бидејќи постигнува побрзи резултати и оттаму оценивме дека е неопходно противвоздушната одбран да делува независно“, изјави Есмаили.
„Една од нашите мисии е да бидеме будни околу чувствителните центри, како што се рафинериите и нуклеарните постројки“, додава командантот на иранската противвоздушна одбрана.
„Новиот, понапреден систем со поголеми капацитети сдС-300 при детектирањето, идентификацијата и уништувањето на целите е во реализација. Околу 30 отсто од работата на изградбата на Бавара-373 е довршено и ќе преземеме напори за да можеме да објавиме довршување на проектот до идната година“, рече Есмаили./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.