Свет
Тројца загинати во антиамериканските безредија во Тунис, жртва и во Египет
Три лица загинале а 28 се повредени во немирите што избувнаа во петокот околу американската амбасада во Тунис, јавува AFP повикувајќи се на тамошното министерство за здравство, додека во Египет полицијата пронашла тело на маж со огнострелна рана во близина на американската амбасада.
Демонстрантите го запалиле и американското училиште во главниот град Тунис, а репортерот на Reuters јавува дека стотина разјарени луѓе гневни поради филмот „Невиноста на муслиманите“ кој го навредува исламот и пророкот Мухамед, успеале да продрат во американската амбасада и се судриле со специјалците.
Напаѓачите на абасадата викале „Обама, Обама, ние сите сме Осама“.
Претходно туниската полиција отвори оган за да ги спречи демонстрантите да продрат во комплексот на амбасадата на САД, при што беа ранети други пет лица, а повредени беа триесетина. Сѐ уште не се знае дали полицијата пукала со гумени или со боеви куршуми.
Во комплексот на американската амбасада избил голем пожар, кога демонстрантите ги запалиле дрвјата и почнале да ги кршат прозорците на главната зграда.
Египетската полиција пронајде тело на еден човек со прострелна рана на пристапот до зградата на амбасадата на САД, која во моментов се обидуваат да ја демолираат радикални демонстранти бесни на американскиот филм „Невиноста на муслиманите’, јави порталот Al-Masri Al-Yaum, повикувајќи се на полициски извори.
Оваа е прв смртен случај во неколкудневните масовни анти-американски протести во Каиро, во кои се повредени повеќе од 200 луѓе. Според податоците на египетското министерство за здравство, во безредијата се повредени педесет припадници на безбедносните сили, а исто така има имногу затруени со солзавец кој го користела полицијата за растерување на демонстрантите
Во петокот, по традиционалната петочна проповед, илјадници луѓе низ Египет излегоа на централните плоштади во градовите за да протестираат против филмот „Невиноста на муслиманите“.
Во Каиро немирите продолжуваат веќе трет ден, а демонстрантите се обидуваат да се пробијат до зградата на американската амбасада. Целта на оваа акција, како штпо велат радикалите, е да се издејствува целосна евакуација на американската амбасада во Египет и прекин на дипломатските односи со Вашингтон. Репортерите на агенциите јавуваат дека секој час се зголемува бројот на демонстрантите пред американската амбасада. Некои од демонстрантите се обидуваат да се искачат на бетонскиите блокови поставени во петокот наутро на пристапите кон зградата на дипломатската мисија. Полицијата користи водени топови и солзавец за растерување на толпата.
Попладнето од американската амбасада во Каиро со голема брзина излегле неколку комбиња сопственост на амбасадата, кои биле гаѓани со камења. Засега нема информации за тоа кој бил во возилата и што тие пренесувале. Во меѓувреме, според информациите на египетскиот портал Аl-Yawm Аl-Sabia, во Каиро, и покрај тоа што ситуација е опасна по животите на американските дипломати, пристигнала американската амбасадорка во Египет, Ен Петерсон.
Протестаните, исто така, ја избркале од местото на протестите репортерската екипа на американската телевизиска мрежа CBC, забранувајќи ѝ да се појавува на местото на настаните.
Претходно во петокот во протестите по истиот повод еден демонстрант е убиен во суданската престолнина Картум во обид на полицијата да ги растера демонстрантите од пред американската амбасада, а во сличен инцидент настрадал Либанец а уште 25 се повредени во северниот дел од земјата.
Масовните протести против скандалозниот филм предизвикаа масовни протести во муслиманските земји во арапскиот свет и во Азија. Во Либија, во вторникот навечер во градот Бенгази радикалите ја нападнаа американската амбасада, при што загинаа четири лица, вклучувајќи го и американскиот амбасадор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.