Свет
НАТО има планови за одбран на Турција доколку е потребно
Челникот на НАТО во вторникот изјави дека 28-членито воен сојуз има подготвени планови за одбрана на Турција од напади од страна на Сирија, доколку тоа биде потребно, меѓутоа изрази надеж дека двете земји ќе најдат начин да ја сопрат ескалацијата на тензиите.
Амбасадорите на земјите членки во НАТО на вонредната седница минатата седмица на Турција и’ изразија поддршка откако сириски минофрлачки гранати паднаа во пограничната област со Сирија, при што загинаа пет а беа ранети 11 цивили. Тоа беше најсериозниот инцидент во прекуграничното насилство од почетокот на бутното на сириската вооружена опозиција против претседателот Башар ал-Асад, при што Турција и Сирија речиси секојдневно разменуваат артилериски оган.
„Ги имаме подготвено сите потребни планови за заштита и одбрана на Турција доколку тоа биде потребно“, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмунсен за медиумите пред состанокот на министрите за одбран на земјите членки на алијансата во вторникот во Брисел.
Расмунсен притоа ја пофали владата на Турција, којашто е член на НАТО од 1952 година, за нејзината воздржаност и рече дека се надева оти двете страни ќе ја избегнат ескалацијата на инцидентите.
„Очигледно е дека Турција има право да се брани според меѓународното право,. Би додал дека Турција, очигледно, може да се потпре на солидарноста на НАТО“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

