Свет
Асанж: Обама е волк во јагнешка кожа!
Основачот на Викиликс Џулијан Асанж го опиша американскиот претседател Барак Обама како ‘волк во јагнешка кожа’ и рече дека очекува дека неговата влада и натаму ќе продолжи да го напаѓа Викиликс.
Во телефонската изјава за агенцијата АФП од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што побара азил во јуни за да избегне екстрадиција во Шведска заради обвинувањата за силување, Асанж рече дека победата на Обама не е причина за славење.
„Обама изгледа како пристоен човек и токму тоа е проблемот“, изјави 41 годишниот Австралиец за АФП, откако Обама го победи републиканецот Мит Ромни на изборите и доби втор претседателски мандат.
„Подобро е да имаме јагне во волчја кожа, отколку волк во јагнешка“, рече Асанж, при тоа додавајќи дека „сите активности на САД против Викиликс се случија под администрацијата на Обама“.
Асанж ги повика САД да го ослободат Бредли Манинг, војникот обвинет за давањето на доверливата воена документација на Викиликс, кој е затворен во самица и кој се наоѓа во американски воен затвор подолго од две години.
„Повторниот избор на Обама коиндицираше со 899 ден што Манинг го поминува во затвор“, рече Асанж.
Викиликс во 2010 година го разбесне официјален Вашингтон со објавувањето на илјадници американски документи за војните во Ирак и Авганистан, а потоа и на депешите на американските дипломати од американските амбасади ширум светот.
Асанж на 7 декември 2010 година во Лондон му се предаде на Скотланд Јард и против него се води постапка околу евентуална екстрадиција.
Искористувајќи го со кауција бранењето од слобода, Асанж на 19 јуни се сокри во еквадорската амбасада во Лондон и побара азил, кој му беше одобрен на 17 август, откако Шведска одби да даде дипломатски гаранции дека по тамошното судење нема да биде екстрадиран во САД. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Саливан: САД нема на располагање ниту еден „Патриот“ систем за противвоздушна одбрана што би можел да го достави до Киев
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, рече дека Вашингтон во моментов нема достапни системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ што би можел да му ги достави на Киев.
„Американските системи „патриот“ се распоредени низ целиот свет, вклучително и на Блискиот Исток, за да ја заштитат американската војска. Доколку има можност да се ослободи батерија, ќе ја испратиме во Украина“, рече тој, а пренесе телевизијата „Ем-ес-ен-бси“.
Истовремено, Саливан додаде дека Америка, додека не дојде во ситуација да испрати свои „патриотски“ системи во Украина, ќе работи да ги убеди своите сојузници од Европа да ги испратат своите системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.