Свет
Конклавите за избор на новиот Папа ќе започнат на 15-ти март
Конклавите (советот на кардиналите кој се состанува за избор на папа) на коишто кардиналите ќе одлучуваа за наследникот на папата Бенедик Шеснаесетти, траба да започнат „најдоцна до 15-ти март“, објави во Ватикан портпаролот на Светата столица, отец Федерико Ломбарди.
Конклавите мора да започнат меѓу 15 и 29 дена откако актуелниот Папа престане да ја извршува должноста на 28-ми февруари, пренесуваат светските агенции.
„Конклавите не може да започнат пред 15-ти ноември, а ние можеме да нагаѓаме дали ќе почнат, на 15,16,17,18 или 19-ти март“, изјавил Ломбарди на прес-конференција по првото појавување на папата Бенедикт Шеснаесетти во јавноста откако го најави своето повлекување од должноста, говорејќи за правилата а Апостолската конституција која предвидува конклавите да мора да се свикаат најрано 15 а најдоцна 20 дена по смртта или своеволното заминување на Папата.
„Одлуката за датумот на свикување на конклавата е во надлежност ан кардиналите кои ќе се соберат во конгрегациите (мисии за ширење на верата(“, во Ватикан веќе следниот ден по заминувањето на Папата, рекол Ломбарди.
Во Кардиналскиот совет во моментов 209 кардинали во 69 земји, но право на глас имаат само оние помладите од 80 години, а такви според официјалната интернет страница на светата столица ги има 118.
Вообичаено деканот на Кардиналскиот совет е одговорен за свикување на конклавата. Меѓутоа, имајќи предвид дека сегашниот декан, италијанскиот кардинал Анџело Содано со 85 години е престар за гласање, таа должност ќе ја преземе кардиналот Џовани Батиста Ре.
Од актуелните кардинали кои можат да гласаат, 68 ги именуваше папата Бенедикт Шеснаесетти, а другите 50 неговиот претходни папата Јован Павле Втори. Од Европа се 62 кардинала, а меѓу нив се 28 Италијанци, а Хрватска ги има двата кардинала Јосип Бозанчиќ и Винко Пуљиќ, Јужна Америка е застапена со 19 кардинали, од Северна Америка има 14, азиски и африкански кардинали има по 11, а еден кардинал доаѓа од Океанија.
Во времето на седисвканацијата (празна столица од латински sede vacante, со кој во канонското право на Римокатоличката црква се изразува времето додека е испразнета папската и бискупска должност) со Црквата управува Кардиналскиот совет, но со ограничени овластувања. На чело на овој совет е кардиналот камерленго, што претставува должност којашто во овој мандат ја извршува државниот секретар Таркисио Бертоне. Кардиналот камерленго е задолжен за надгледување на целиот процес на изборот на новиот Папа.
Гласањето се одвива во Сикстинската капела, двапати наутро и двапати попладне. Ливчињата се спалуваат по секое гласање, а новиот Папа може да стане само оној кандидат кој ќе добие две третини од гласовите на кардиналите кои гласаат./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хилари Клинтон: Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со Епстин
Хилари Клинтон денес изјави пред конгресниот комитет дека не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин и дека нема информации да сподели за неговите криминални активности.
„Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со господин Епстин. Никогаш не сум летала со неговиот авион, ниту сум ги посетила неговите острови, домови или канцеларии. Немам што да додадам на тоа“, рече 78-годишната Клинтон во изјава пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот демократски претседател Бил Клинтон (79), првично одбија да сведочат пред комитетот, но попуштија кога пратениците поднесоа обвиненија за непочитување на судот, објави „ХИНА“.
Бил Клинтон треба да сведочи пред комитетот утре. Пред сослушувањето, претседателот на Комитетот за надзор Џејмс Комер од Кентаки, републиканец, негираше дека истрагата е партиски напад врз претседателскиот ривал на Трамп во 2016 година, истакнувајќи дека неколку демократи исто така инсистирале Клинтонови да сведочат.
Тој додаде дека комисијата ќе се обиде да дознае повеќе за каков било контакт што можеби го имала со Епстин, неговата вмешаност во хуманитарната работа на Клинтонови и каков било однос што можеби го имала со затворената соработничка на Епстин, Гислен Максвел.
Името и сликите на Бил Клинтон се појавуваат во документи поврзани со истрагите за Епстин. Сепак, самото споменување не значи ништо. Поранешниот претседател постојано негираше каква било незаконитост во врска со неговото познанство со Епстин, објави ДПА.
Со години, Епстин управуваше со синџир на злоупотреба во кој десетици млади жени и малолетници беа жртви. Финансиерот од Њујорк имаше одлични врски во американското високо општество. Почина во својата затворска ќелија во 2019 година, пред да биде осуден, пренесуваат агенциите.
Свет
Деветгодишно девојче скокнало од балкон во Германија: мајката и се заканувала со нож
Во Бремен, Германија, вчера попладне, мајка ѝ се заканувала на својата деветгодишна ќерка со нож, повредувајќи ја.
Девојчето од страв побегнало на балконот и се фрлила од првиот кат на зградата, соопшти полицијата. Трагедијата ја спречил сосед кој ја фатил, објавува „Шпигел“.
Според полицискиот извештај, 62-годишен сосед ја гледал ситуацијата од прозорецот и успеал да го фати девојчето додека паѓало. Полицијата потврдила дека девојчето претрпело само полесни повреди. Сè уште не е познато зошто се случила таква ситуација во семејниот стан.
Полициските сили кои излегле на местото на настанот ја уапсиле 38-годишната мајка. Се тврди дека жената имала ментални проблеми и е сместена во клиника на лекување. Девојчето е згрижено и е кај нејзиниот татко.
Свет
Силен земјотрес регистриран во Романија
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 18:21 часот во Романија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 45,8336 и географска должина 26,7157.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 120 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

