Свет
Пратеник застрелан среде бел ден на плажа на Карибите

Истакнат функционер на коалиционата влада на островот Курасао е убиен од огнено оружје на јавна плажа среде бел ден, што е прво политичко убиство на тоа малечко холандско острово во Карипското море, во близина на северниот брег на Венецуела.
Премиерот на Курасао Даниел Хоџ во недела вечер на прес конференција рече дека пратеникот Хелмин Вијелс вчера бил убиен со пет куршуми на популарната плажа Мери Помпен.
„Тоа беше ужасен, страшен чин и ние сме во шок. Не сме навикнати на вакви работи на нашиот остров. Живееме во демократија и би требало да се почитуваме меѓу себе. Најостро го осудуваме овој акт”, изјави Хоџ, пренесува АП. /крај/бл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас одговори на предлогот на Трамп: „Израел мора да се повлече од Газа“

Хамас соопшти дека ја разгледува понудата за примирје во Газа, која американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „финална“, но истовремено бара Израел целосно да се повлече од палестинската енклава.
Трамп изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневно примирје со Хамас, по „долги и продуктивни“ разговори меѓу неговите претставници и израелската страна.
Хамас нагласува дека тежнее кон договор кој ќе значи целосно запирање на војната и повлекување на Израел од Газа.
Од друга страна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во првото обраќање по најавата на Трамп повика на целосно елиминирање на Хамас, изјавувајќи: „Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Не се враќаме назад.“
Двете страни го повторуваат своето долгорочно ставови, што ја намалува веројатноста за компромис.
Во Газа владее надеж дека ќе се постигне барем краткотраен прекин на конфликтот. Камал, жител на Газа, изјави дека се надева дека овој пат ќе успее, што би спасило илјадници невини животи.
Нетанјаху се соочува со растечки притисок да обезбеди траен мир и да стави крај на речиси двегодишната војна, но неговата екстремно десничарска коалиција е против договор. Истовремено, притисокот врз Хамас расте, особено по американските и израелските напади врз нуклеарните постројки во Иран.
Свет
Шефот на НАТО: Лавров е министер уште од времето на Исус, ништо корисно не направил

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска на „Фокс њуз“ остро ги критикуваше изјавите на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Руте оцени дека Лавров е министер уште „од времето на Исус Христос“ и дека од неговите изјави „ништо корисно не излегло“.
Повод за критиките беа коментарите на Лавров во врска со прогнозите на полскиот министер Радослав Сикорски за можното распаѓање на режимот на Путин. Лавров, потоа, изјави дека зголемувањето на буџетот за одбрана на земјите-членки на НАТО би можело да доведе до распаѓање на Алијансата.
Руте, од друга страна, ја пофали политиката на администрацијата на Доналд Трамп за зголемување на одбранбените расходи во НАТО и потенцираше дека Украина не може да се брани без американско оружје. Тој додаде дека, иако Европа значително ја зголеми воената поддршка, американската помош останува клучна за безбедноста на Украина.
Шефот на НАТО нагласи дека безбедноста на Европа е неопходна за безбедноста на САД и дека ширењето на Русија претставува закана за сигурноста на Европа.
Свет
САД ја намалуваат воената помош за Украина, Киев предупредува на последици

САД привремено паузираа дел од воената помош за Украина, вклучувајќи ракети Патриот, гранати и друго оружје, поради ниски залихи и потреба да се заштитат американските интереси. Одлуката доаѓа во момент кога Украина трпи жестоки воздушни напади и губи територии на исток и југ од земјата.
Украинското Министерство за надворешни работи ја оцени одлуката како „охрабрување за агресорот“ и предупреди дека одложувањето на поддршката може да резултира со загуба на животи и територија. Анонимен украински воен извор изјави дека Украина „сериозно зависи од американската воена помош“, додавајќи дека иако Европа се труди, без американско оружје „нема да биде лесно“.
Воени експерти предупредуваат дека Украина може да ја изгуби способноста да ги гаѓа руските позиции, додека Москва ја поздрави паузата како сигнал дека специјалната воена операција е поблиску до крај со тоа што Киев добива помалку оружје.
Русија во меѓувреме оствари нови територијални придобивки и држи околу 20 отсто од украинската територија. Украина одговори со напад врз руска фабрика за оружје во Ижевск.