Свет
Северна Кореја го предупреди Сеул на безмилосни напади
Северна Кореја предупреди дека ќе изведе безмилосни напади врз својот јужен сосед, откако активисти во јужнокорејската престолнина Сеул, на годишнината од смртта на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ил, го запалиле неговиот портрет и портретите на членовите од неговата „династија“, јавуваат странските медиуми.
Ваквото предупредување во Сеул стигнало од највисокото воено тело на Северна Кореја.
„Северна Кореја смета дека на овие собири било навредено достоинството на нивниот најголем лидер и се заканува на беспоштедна одмазда без претходно предупредување“, стои во соопштението на министерството за одбрана на Северна Кореја.
„Им испративме одговор во кој им порачавме дека одлучно ќе реагираме на било каква провокација од страна на Северна Кореја“, изјавил претставникот од министерството за одбрана на Јужна Кореја, Ким Мин-Сеок.
Заканите на Пјонгјанг пристигнаа во момент на раст на загриженоста околу стабилноста на режимот откако минатата недела беше погубен тетинот на Ким Јонг-Ун и негов поранешен ментор. Сеул и Вашингтон изминативе денови предупредуваа на можни провокации и акции на Северна Кореја.
Претседателката на Јужна Кореја, Парк Ген-Хје, предупреди на можноста нивниот северен сосед да направи „непредвидлива провокација“ по шокантната егзекуција на Јанг Сонг-Таек, близок роднина на севернокорејскиот лидер, поради обвинение за корупција и завера против државата.
Јужнокорејската претседателка ја повика војската да ја зголеми безбедноста на северната граница, а особено во области на Жолтото море.
Западните медиуми ја оценија ситуацијата на полуостровот како „уште поопасна“, а американскиот секретар Џон Кери изјави дека најновата „чистка“ е „злобен знак“ и дека е причина за дополнителна загриженост./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.