Свет
Пу, пу, не се важи!

Најавената голема акција за исклучување на сите должници на ЕСМ, државните институции, болниците, јавното осветлување, министерствата и општините се сведе на исклучување на трите мали општини Петровец,
НАЈАВАТА НА ЕСМ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ДОЛЖНИЦИТЕ СПЛАСНА ПРЕД ДА ПОЧНЕ
Најавената голема акција за исклучување на сите должници на ЕСМ, државните институции, болниците, јавното осветлување, министерствата и општините се сведе на исклучување на трите мали општини Петровец,
Најавената агресивна акција за исклучување на сите должници на Елекстростопанство, меѓу кои и сите државни институции, болниците, јавното осветлување, министерствата и општините се сведе на исклучување на само три вонградски Општини Петровец, Сопиште и Зелениково, која веднаш потоа била вклучена бидејќи уплатила 50 илјади денари од долгот. Портпаролот на Електростопанство Бране Стефановски вчера не сакаше да открие колкави се долговите на исклучените потрошувачи, ниту, пак, на Владата или министерствата бидејќи ЕСМ мра да водел сметка и за дискреционото право на заштита на податоците за секој потрошувач.
ЕСМ нема да ја исклучи ниту Владата бидејќи должникот ја намирил заостанатата сметка за електрична енергија. Според портпаролот на компанијата Бране Стефановски, долговите на болниците ќе бидат репрограмирани и нема да има исклучување ниту на овој тип на должници. “Акцијата за исклучување на должниците не е прекината, туку екипите на ЕСМ се излезени на терен и разговараат со должниците. Ги опоменуваат да го платат долгот и ако должникот најави дека ќе ја плати сметката, се прави компромис и наместо веднаш да го исклучат му се дава дополнителен рок за намирување на долгот”, вели Стефановски.
Екипите на дистрибуција, како што најави Стефановски, вчера беа во посета на министерствата должници со предупредување да го платат долгот пред да ги исклучат. (Т.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот „Вудро Вилсон“ во Белград на вода, објави РТС.
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23:13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин
Европа
Започнува судењето на бездомничката од Алжир која ја силувала и убила 12-годишната Лола во Париз

Денес започнува судењето на жена обвинета за злоупотреба, мачење и на крајот убиство на 12-годишната Лола Давиет, во случај што ја шокираше Франција пред три години и предизвика политичка реакција, објавува „Гардијан“. Телото на несреќното девојче е пронајдено спакувано во пластичен ковчег фрлен на улица во близина на нејзиниот дом во Париз.
Дабија Бенкиред (27) е обвинета за тешко убиство на малолетник, тешко силување и мачење и варварски дела. Случајот предизвика длабок ужас во француската јавност. Лола Давиет се враќала од училиште во петок, 14 октомври 2022 година.
Таа пристигнала во својот дом во 19-тиот арондисман во Париз, каде што нејзините родители работеле, веднаш по 15 часот. Снимките од безбедносните камери ја снимиле како се среќава со Бенкиред, тогаш бездомничка која престојувала во станот на нејзината сестра во истата зграда.
Кога Лола не се појавила дома, нејзините родители кренале тревога. Час и половина подоцна, камерите ја фатиле Бенкиред во лобито на зградата опкружена со неколку ковчези, вклучувајќи го и оној во кој подоцна било пронајдено телото на девојчето.
Случајот брзо доби политичка димензија кога беше откриено дека Бенкиред, која е родена во Алжир, имала наредба за депортација издадена два месеци пред убиството. Крајнодесничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ги искористила овие информации за сопствена политичка промоција, објавува „Гардијан“.
За време на истрагата, Бенкиред даде збунувачки изјави, но по серија психијатриски и психолошки прегледи, таа беше прогласена за способна да се соочи со судење. Последните три години ги помина во притвор во затворот Фресне, јужно од Париз.
Според францускиот закон, секој чин на сексуална пенетрација извршен со сила, принуда, закана или изненадување се смета за силување. Доколку биде осудена, Бенкиред се соочува со доживотен затвор. Се очекува судењето да трае до следниот петок, кога се очекува пресудата.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин