Свет
Расте бројот на жртвите во земјотресот во Иран, сега 400 мртви
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/f508fa47-11ce-43c8-bbc1-64aae95a08b7.jpeg)
Според последниот биланс, бројот на жртвите во земјотресот што го погоди југоисточниот дел на Иран се искачи на 400 мртви, и над 1.000 повредени, соопштија локалните власти.
Според последниот биланс, бројот на жртвите во земјотресот што го погоди југоисточниот дел на Иран се искачи на 400 мртви, и над 1.000 повредени, соопштија локалните власти. Властите очекуваат дека и оваа бројка нема да биде конечна, со оглед на фактот дека многу села во најтешко погодената провинција Керман се целосно уништени, а спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат телата на евентуалните преживеани под урнатините. Епицентарот на земјотресот, со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала, се случи утрината, недалеку од градот Заранд, на 700 километри југоисточно од Техеран. Последниот силен земјотрес во Иран се случи во 2003 година, кога во погодениот град Бам загинаа над 30.000 луѓе. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Русија за затворањето на УСАИД: Тоа е машина за мешање во работите на други земји
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/677z381_zaharova-678e1eaa5da01.jpg)
Министерството за надворешни работи на Русија денеска ја поздрави одлуката на новата американска администрација да ја затвори Агенцијата за меѓународна развојна помош (УСАИД), која Москва ја смета за „машина за мешање“ во работите на други земји.
„Единствено од што сме задоволни е што се што кажавме се оствари“, рече портпаролката на Министерството, Марија Захарова, мислејќи на постојаните руски критики кон УСАИД.
Русија го протера УСАИД од својата територија во 2012 година, обвинувајќи ја агенцијата за финансирање на протестите на опозицијата против Кремљ и мешање во изборите.
Русија ја обвини американската агенција дека ги поддржува антивладините движења во соседните земји, особено во Украина и Грузија, со цел да се доведат на власт луѓе пријателски настроени кон Вашингтон и непријателски настроени кон Москва.
„Тоа е се освен агенција за помош и развој. Тоа е машина за мешање во внатрешните работи. Тоа е механизам за промена на режимот, политичкото уредување, структурата на државата“, рече Захарова.
Американската агенција во средата објави дека целиот нејзин персонал во САД и во светот ќе биде на „административно отсуство“ од петок.
Таа агенција сега е ставена под надзор на американскиот државен секретар Марко Рубио.
Свет
Израел се подготвува за цунами откако Грција прогласи вонредна состојба на Санторини, 7.700 земјотреси за 11 дена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-212349.jpg)
Грчката влада денеска прогласи вонредна состојба на Санторини, откако островот во Егејското Море беше погоден од серија земјотреси кои предизвикаа евакуација на повеќе од 10.000 жители и туристи.
Министерството за цивилна заштита соопшти дека вонредната состојба ќе важи до 3 март, со цел да се одговори на потребите на населението и последиците од сеизмичките активности.
Според грчките медиуми, од 26 јануари досега се регистрирани 7.700 земјотреси на подрачјето меѓу Санторини и островот Аморгос. Само во вторникот се регистрирани 1.300 земјотреси. Најсилниот земјотрес е регистриран синоќа и бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.
Експертите предупредуваат дека постои ризик од лизгање на земјиштето на Санторини, кој се зголемува со зголемување на сеизмичката активност, пренесува Катимерини.
Во меѓувреме, Израел се подготвува за можно цунами поради земјотресот во Санторини, пишува „Тајмс оф Израел“.
Според извештаите, заменик-шефот на Советот за национална безбедност на Израел одржал итен состанок со владините агенции за да го процени нивото на закана.
Според плановите, предвидена е заштита на критичната инфраструктура и се подготвуваат рути за евакуација.
Доколку не дојде до цунами, Израел се подготвува да и помогне на Грција и на меѓународните хуманитарни мисии.
Свет
(Видео) Американски авион со илегални мигранти пристигна во Гвантанамо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/07a52f53-6c86-492a-a5e0-275d3a8068db.jpg)
Американското Министерство за одбрана соопшти дека во поморската база Гвантанамо пристигнал авион со илегални мигранти, осомничени дека се членови на групата „”Tren de Aragua“, пренесува Anadolu.
Пентагон, според написите, преку писмено соопштение го детализираше процесот на префрлање илегални мигранти во заливот Гвантанамо, во кое се потврдува дека во поморската база пристигнал авион со десет мигранти.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна да ги депортира мигрантите во поморската база Гвантанамо на Куба, изјави во вторникот американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.
„Претседателот Доналд Трамп беше многу јасен: Заливот Гвантанамо ќе го има најлошото од најлошото. Започнува денес“, рече Ноем, споделувајќи слики од мигранти со лисици.
Минатата недела Трамп нареди изградба на центар за притвор за мигранти во Гвантанамо за да се сместат до 30.000 криминални мигранти кои тој ги дефинира како „најлоши криминални илегални вонземјани кои му се закануваат на американскиот народ“, пренесува медиумот.
„Некои од нив се толку лоши што не ни веруваме дека земјите ќе ги задржат, бидејќи не сакаме да се вратат“, рече тој.