Свет
Франција би ги прифатила ослободените колумбиски бунтовници

Франција е подготвена да ги прифати членовите на Револуционерните оружени сили на Колумбија, што ќе ги ослободи колумбиската влада во било каква замена на заложници, изјави денеска францускиот премиер Франсоис Филон.
Франција е подготвена да ги прифати членовите на Револуционерните оружени сили на Колумбија, што ќе ги ослободи колумбиската влада во било каква замена на заложници, изјави денеска францускиот премиер Франсоис Филон. Филон, во изјава за радио Европа 1, рече дека и други европски и латиноамерикански држави би можеле да учествуваат во можната размена и дека Франција е расположена да испрати посматрачи на преговорите за размена. Револуционерните оружени сили на Колумбија бараат ослободување на 500 бунтовници за пуштање на слобода 45 луѓе кои се држат во заложништво, а колумбискиот претседател Алваро Урибе го прифати ова барање. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Иран утрово испали ракети кон Израел: стотици повредени, повеќе од 70 во болница

Најмалку 240 лица беа ранети во иранските ракетни напади утрово, објави Асошиејтед Прес, повикувајќи се на израелското Министерство за здравство.
Четири лица се сериозно повредени, додека огромното мнозинство се полесно повредени, вклучувајќи повеќе од 70 лица во болницата Сорока во јужниот град Бершеба. Чад се издигаше од болничкиот комплекс додека службите за итни случаи ги евакуираа пациентите.
Двајца лекари изјавија за АП дека ракетата ја погодила болницата речиси веднаш откако се огласиле сирените, предизвикувајќи силна експлозија што ја слушнале од безбедносната соба. Лекарите зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да зборуваат со медиумите.
Болницата Сорока претрпе голема штета. Директорката Шломи Кодеш претходно изјави дека неколку одделенија се целосно уништени, а десетици луѓе – пациенти и медицински персонал – се повредени во болницата, главно од скршено стакло и урнати тавани.
Eastern Tel Aviv suburd of Ramat Gan hit in this mornings Iranian missile barrage causing extensive damage.
This district is home to the Israel Diamond Exchange—the world’s largest diamond trading complex. pic.twitter.com/9akUDKGxC4
— Yama Wolasmal (@YamaWolasmal) June 19, 2025
Паралелно со овој напад, ракета погоди и облакодер во Рамат Ган, недалеку од центарот на Тел Авив, каде што, според сведоците, експлозијата уништи локална пицерија и ги искрши прозорците на десетици околни згради.
Нападите предизвикаа негодување кај израелската јавност, а израелскиот министер за здравство Уриел Бусо изјави дека нападот врз болницата е „гнасно воено злосторство“ и дека Иран „преминал црвена линија“.
Свет
Кина му испрати порака на Трамп за Иран: „Ова особено се однесува на големите сили“

Кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на деескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел, а во разговор со рускиот претседател Владимир Путин испрати речиси отворена порака до американскиот претседател Доналд Трамп, кој моментално размислува за вклучување на САД во војната, објави Си-ен-ен.
Според кинеското Министерство за надворешни работи, Кси рекол дека „меѓународната заедница, особено големите сили кои имаат посебно влијание врз страните во конфликтот, треба да работат на деескалација на ситуацијата, а не обратно“. Иако не ги спомена конкретно САД, пораката јасно беше насочена кон Вашингтон.
За време на разговорите, Кси повика на итно прекин на огнот, повикувајќи ги двете страни да ги запрат нападите, но „особено Израел“.
„Страните во конфликтот, особено Израел, треба да го прекинат огнот што е можно поскоро за да се спречи понатамошна ескалација и решително да се избегне прелевање на војната“, му рекол Кси на Путин, според кинески извештај.
Кремљ соопшти дека двајцата лидери ги осудиле нападите на Израел врз Иран, а Путин повторно понудил Русија да ја игра улогата на посредник. Кси ја поддржа иницијативата.
„Путин ја потврди подготвеноста на Русија, доколку е потребно, да преземе евентуална посредничка улога. Кинескиот лидер ја изрази својата поддршка за таквата иницијатива, верувајќи дека таа би можела да придонесе за деескалација на сегашната исклучително напната ситуација“, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Свет
Ердоган: Нетанјаху го надмина Хитлер

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера се осврна на конфликтот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека Иран има право да се брани, објави Анадолу.
„Сосема е природно, легитимно и законско Иран да се брани од израелската бандитска насилничка сила и државен тероризам“, рече Ердоган за време на состанокот на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АК) во главниот град Анкара.
Неговите изјави доаѓаат во време на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран. Нагласувајќи ја сериозноста на конфликтот, Ердоган го осуди и израелското раководство:
„Нетанјаху одамна го надмина тиранинот Хитлер во злосторството геноцид. Се надеваме дека нивната судбина нема да биде иста“.
„Правиме сè што можеме за да ја запреме нехуманата агресија врз Газа, Сирија, Либан, Јемен и Иран“, додаде тој.
„Крвта на масакрирани цивили, убиени бебиња и деца не само што ги испрска рацете и лицата на оние кои ја поддржуваат израелската ароганција, туку и на оние кои молчат“, истакна тој.
Ердоган потврди дека Турција останува будна.
„Внимателно ги следиме израелските терористички напади врз Иран. Сите наши институции се во состојба на готовност поради потенцијалните последици од овие напади врз Турција“, изјави тој.
„Нашата нација може да биде мирна. Владата е целосно посветена на заштитата на интересите, мирот, единството и безбедноста на Турција. Подготвени сме и се подготвуваме за секој можен негативен развој и сценарио“, заклучи турскиот претседател.