Свет
Намалена потрошувачката на пиво во Германија

Потрошувачката на пиво по глава на жител во Германија годинава падна на рекордно ниско количество од 112,5 литри.
Потрошувачката на пиво по глава на жител во Германија годинава падна на рекордно ниско количество од 112,5 литри. Ова го соопшти претседателот на здружението на пиварите во Германија Петер Хан, додавајќи дека главни виновници за намалувањето на потрошувачката на пиво се лошата година и се постарата популација. Хан изрази очекување дека потрошувачката на пиво во Германија и натаму ќе се намалува, што негативно ќе се одрази врз работата на 1.284 пиварници во земјата. Германците годинава испиле 3,5 литри пиво помалку во однос на 2006 година, кога потрошувачката изнесувала 106 литри по глава на жител, но просекот на пивопијците тогаш го крена Светското првенство во фудбал. Германија е трета во светот по потрошувачката на пиво по глава на жител, зад Чешка и Ирска. /крај/б/м Copyright 2007 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пленковиќ: Американските царини не би требало да имаат значително влијание врз Хрватска

Премиерот Андреј Пленковиќ изјави денеска дека американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија не треба значително да влијаат на Хрватска и дека во овој момент овој потег „не е толку загрижувачки“ за трговските односи меѓу Хрватска и САД.
Тој додаде дека „подетално треба да се анализира поврзаноста на бројни хрватски компании со поголеми европски компании, кои многу повеќе извезуваат во Европската унија и врз чии економии ќе имаат поголемо влијание овие мерки.
„Во овој момент, овој потег не е толку загрижувачки за трговските односи меѓу Хрватска и САД, но секако, треба да бидеме внимателни со сите сектори, Хрватската стопанска комора, стопанството, да внимаваме што се случува и евентуално да ја прилагодиме ориентацијата на овие компании на други извозни пазари или на домашните пазари“, рече Пленковиќ.
Свет
Шолц повика на континуирана поддршка за Украина

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска повика на континуирана, постојана поддршка за Украина.
„Сè додека не се заклучи мирот, Европа и САД мора да продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Коста во Берлин, според Тагесшау.
Според него, прекинот на огнот дава можност да се истражат начини за постигнување на подолгорочен мир, кој, како што рече, би можел да вклучи дополнителни чекори како размена на затвореници или враќање на киднапираните Украинци.
Свет
Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, Украинците се повлекуваат од Курск

Доналд Трамп, кој е домаќин на ирскиот премиер во Белата куќа, ја искористи можноста да коментира за клучните меѓународни прашања пред светските медиуми.
Тој рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ по вчерашните разговори за прекин на огнот со Украина во Саудиска Арабија.
„Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“.
„Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов“, рече тој и додаде дека Украинците се повлекуваат од Курск.