Контакт

Свет

Вторник, 15.02.2005

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

(Дневник) – Вторник, 15.02.2005

АНАЛИЗА

Секој ден исчезнуваат по два автомобила

Автомобилите “лада” и “застава” им биле најомилени на крадците во минатата година

Арамиите во Скопје секојдневно провалуваат во четири автомобили, а по најмалку два автомобила “исчезнуваат” од скопските паркинзи секој ден, покажува полициската статистика за 2004 година.

Во Скопје, во минатата година биле украдени 812 автомобили, најмногу автомобили “лада” и “застава”. Од нив 628 биле одземени, односно биле пронајдени оставени, откако арамиите ќе се провозеле со нив, или завршувале на автопазарите расклопени во делови. Полицијата успеала да пронајде околу 70 отсто од овие возила. Најголем број крадци биле малолетници, кои повеќепати биле приведувани за провалување во автомобили. Најчеста цел биле автомобилите во центарот на градот. По возењето, арамиите ги оставале украдените автомобили. При тоа најчести дестинации им биле Водно и Милениумскиот крст. На малолетниците им се омилени постарите автомобили, особено “фиќовците”, во кои полесно може да се провали. Освен за возење, малолетниците ги користат автомобилите за да извршат и друго кривично дело.

Во минатата година зачестиле кражбите на автомобилите “даеву-тико”, кои се крадат исклучиво заради расклопување и препродавање во делови, кои се многу скапи. Побарувачката на тие делови е голема бидејќи ги користат голем број граѓани и неколку такси-компании во повеќе градови во Македонија.

Експертите велат дека за разлика од малолетниците, најчеста цел на доброорганизираните банди крадци се автомобилите од новите модели на “голф”, “ауди” и “мерцедес”. Арамиите во минатата година од скопските улици украле 184 скапи и луксузни возила, кои досега не се пронајдени. Професионалците крадат и други луксузни возила, кои не се постари од десет години. Тие во возилата провалуваат кршејќи ги бравите или користејќи дупликат клучеви. Украдените автомобили се пребојадисуваат, а потоа се препродаваат или се продаваат на делови. Според надлежните, професионалните крадци успеваат да украдат и нови возила, кои имаат фабричка заштита, односно кодирани клучеви. Причината за големиот број украдени возила на подрачјето на Скопје, освен големиот избор на автомобили, е и неговата близина со границите на Косово и СЦГ, каде што завршуваат најголем дел од возилата.

Од 2000 до 2004 година во Македонија биле украдени 2.377 возила, односно по 595 автомобили секоја година. Полицијата успеала да пронајде 1.274 автомобили, односно полицијата пронаоѓа повеќе од половината од украдените возила годишно.

(Дневник) – Вторник, 15.02.2005

Рекетари во притвор

Новинари го уценувале Трифун Костовски

Новинарите и сопственикот на агенцијата “Гард” му барале 60.000 евра на Костовски за да не објават компромитирачки текстови против него

Двајца новинари и сопственик на агенција за обезбедување се во притвор, зашто го уценувале со 60.000 евра познатиот бизнисмен и пратеник Трифун Костовски, соопшти вчера полицијата.

Зоран Петковски, сопственик на “Гард” и поранешен шампион во фул-контакт, Наташа Петровска, поранешна новинарка во спортскиот весник “Скок”, и Роберт Алексовски, новинар во “Нова Македонија”, му се заканиле на кандидатот за градоначалник на Скопје Трифун Костовски дека ќе објават текст и фотографии што ќе го компромитираат ако не им плати 60.000 евра. Полицијата завчера поднесе кривични пријави за уцена против Петковски и Петровска, а Алексовски е пријавен за помагање во кривичното дело. Истражен судија на тројцата им одредил 30-дневен притвор.

Полициската истрага утврдила дека Петковски и Петровска, која како ракометарка и спортска новинарка го познавала Костовски, на 7 февруари го напишале текстот на компјутерот на Петковски. Потпишан со лажно име, текстот го испратиле по пошта на адреса од фирмата на Костовски. Тие побарале парите да бидат оставени во плик на рецепција во еден хотел во Скопје.

Одговорот на нивното уценувачко писмо во саботата го подигнал таксист, ангажиран од Алексовски. Таксистот го однел на договореното место. Во истиот ден Алексовски им го предал на Петковски и на Петровска во пицерија, каде што полицијата ги уапсила тројцата.

(Дневник) – Вторник, 15.02.2005

НЕРАСЧИСТЕНИ СМЕТКИ

Државата го присвојува капиталот на прилепскиот монопол?

Државата планира својот удел од 35 отсто во Тутунскиот комбинат од Прилеп да го зголеми на 51 отсто и да му ја продаде компанијата на стратегиски инвеститор. Извори од ТКП тврдат дека оваа идеја е резултат на неможноста на државата да најде купувач за сегашниот удел од 35 отсто во капиталот на комбинатот, поради што, како што велат, се обидува да оформи доминантен пакет акции. Неофицијално дознаваме дека Управниот одбор на ТКП веќе донел таква одлука, со која дел од долгот на компанијата кон државата се претвора во акции од 51 отсто од капиталот.

Директорот на Тутунскиот комбинат Тони Мицајков е категоричен дека таква одлука досега не е донесена. Тој појаснува дека е одлучено само комбинатот да и ги отстапи на државата споредните дејности, во кои влегуваат спортската сала во центарот на Прилеп, Здравствениот дом и други помали објекти. Сепак Мицајков не прецизира колку од долговите државата ќе му отпише на ТКП за овие објекти. Не е прецизирано ни дали државата ќе го добие и хотелот на ТКП во Охрид.

Нерасчистените сметки помеѓу државата и Тутунскиот комбинат од Прилеп се основната причина што 15 години оваа некогаш најпрофитабилна македонска компанија не може да најде стратегиски инвеститор. Според податоците од Агенцијата за приватизација, ТКП на државата и должи околу 40 милиони евра, а според сметководството на ТКП, долгот на државата кон комбинатот изнесува околу 30 милиони евра.

Токму овие пресметки и наоѓањето стратегиски инвеститор, како што дознаваме, биле главните теми за кои на неодамнешната средба разговарале премиерот Владо Бучковски и директорот на ТКП, Тони Мицајков.

– Ако државата навистина сака да го реши проблемот, зошто да не седнеме и да се договориме? Дел од обврските сигурно можат да се компензираат. “Македонија табак”, чиј доминантен сопственик сега повторно е државата, ни должи 17,5 милиони евра, печатницата “11 Октомври” од Прилеп, во која државата исто има свој удел, ни должи пет милиони евра, а станбената задруга “Прилепец” – 2,5 милиони евра. Ако се додадат “црните” пратки на тутун, за сметка на државата, лесно може да се случи таа нам да ни должи – вели Круме Спировски, член на Надзорниот одбор во ТКП.

(Вест) – Вторник, 15.02.2005

Рубрика писма:

Зошто Владата дозволи ОХИС да обезвредни?!

Повод: Намерата на Владата да ги продаде на “Лукоил” – Русија акциите за ОХИС во државна сопственост

Деновиве ја прочитавме веста, дека Владата одлучила да ја “вразуми” фирмата Макпетрол со овозможување на познатата фирма “Лукоил” – Русија да изгради 80 бензински пумпи низ цела РМ. Беше објавено дека тоа ќе се реализира со продавање на 52% од акциите на ОХИС кои се во државна сопственост! Со тоа се сака, наводно, да се укине монополското работење на Макпетрол, но по се изгледа се работи за пресметка со неговото раководство!

Како во иднина ќе бидат само две фирми кои лесно можат да се договорат за цената, исто како што се случи во мобилната телефонија помеѓу “Космофон” и “Матав”, а граѓаните продолжија да ја плаќаат високата цена на услугите!?

Со писмото до јавноста немаме намера да објаснуваме, дека само со две фирми не се укинува монополска положба во која било дејност. Сакаме јавно да ја прашаме Владата, зошто дозволи ОХИС да биде толку обезвреднет од постојното раководство, та сега таа да го “продава” за без пари!? “Продажбата” на ваков начин ќе претставува легализирање на грабежот и покривање на неодговорноста.

Наместо да распише меѓународен тендер, на кој има право со 52% од акциите, така ќе ја видеше неговата вредност! Досега на повеќе начини, како вработени во ОХИС и негови акционери, ја известувавме Владата за матните “зделки” на раководството, наведувајќи милионски суми во евра. Државните органи за прогон не реагираа на нашите укажувања, иако се должни да ги проверат сите пријави! Сега ОХИС ќе биде “продаден” на “Лукоил” за смешно ниска цена, а само пред кратко време претставуваше гордост на РМ. Никој од релевантните фактори до сега не се запраша што се случува во фирмата, ги слушаа само предавањата на раководството!? А ОХИС намерно е обезвреднуван со непотребно затворање на погоните, наводно биле нерентабилни, а во исто време такви погони се градат во повеќе земји од ЕУ!!! Така сега вредноста на една акција на ОХИС изнесува околу 5 евра, што претставува намалување за 10 пати, бидејќи номиналната вредност на една акција изнесуваше 50 евра и тоа пред попустот кој Владата го дава на “Лукоил”!? РМ е сопственик на околу 52% од акциите на ОХИС, а вкупанта вредност беше околу 50 милиони евра, и со лесна пресметка се доаѓа до губитокот на РМ од 23 милиони евра! Повторуваме, никој од власта досега не се заинтересира за губитокот, додека министерот за финансии коленичи пред ММФ и за помали кредити!? Наведен е само еден пример од “работењето” на раководството, а такви има многу повеќе со кои веќе ја запознавме власта, но таа не реагира, претпоставуваме му верува само на раководството! За разлика од ОХИС, во некои фирми во РМ (како “Алкалоид”, “Макстил”, скопска Пивара и други), но со сосема поинакви сфаќања и намери за развојот, сега се сосема приватизирани и добро работат. И зошто ОХИС до сега целосно не е приватизиран, ќе одговориме дека не сака раководството на фирмата за да може да прави матни зделки, а вината да ја пренесува на државата, како што прави секогаш?!

ОХИС не така одамна имаше околу 6.000 вработени и редовно ги уплатуваше сите давачки кон државата. Додека сега, големите погони намерно се затворени од раководството како наводно нерентабилни, и повремено работат само мали погони со неколку стотици вработени, за кои редовно не се уплатуваат ни придонесите во ПИОМ, а и за останатите давачки никој од државните органи не прашува зошто не се уплатуваат во Буџетот како некогаш, слепо верувајќи на објаснувањата од раководството.

Бидејќи во ОХИС големите погони не работат подолго време, тие кородираат како и сите хемиски капацитети кога не работат, веруваме дека “Лукоил” ќе ги користи само постојните резервоари како простор за складирање на нафтени деривати, која му е и основната дејност, со можност да гради и нови резервоари според потребите во иднина.

Така, хемиските погони на ОХИС, кои носеа голема добивка за РМ, сосема ќе пропаднат и фирмата ќе стане резервоарски простор за нафтени деривати на “Лукоил”, каде ќе останат да работат само неколку десетина вработени. И оние кои сега повремено идат на работа, ќе се најдат надвор од ОХИС без работа како и оние над 5000 вработени, кои станаа посетители на Заводот за вработување или се пред време пензионирани со осакатени пензии, поради со години неплаќањето во ПИОМ од страна на раководството, за што не веруваме дека сето тоа е непознато за Владата и нејзините органи!!!

Жалосна е судбината на фирма како што беше ОХИС, кој треба да заврши главно како резервоарски простор за нафтени деривати, а може се уште добро да произведува! И за тоа нема никој да одговара, а убедени сме ќе одговараше во секоја друга држава? Затоа што таков хемиски капацитет да се изгради сега ќе чини повеќе од 600 милиони евра, а секоја друга држава добро ќе размисли, пред да го “продава” без пари за складирање на нафтени деривати!

Се надеваме, дека во Владата сепак постојат стручни луѓе, кои ќе размислат пред да го дадат ОХИС за така мала цена. Затоа што “Лукоил” може да се ангажира во РМ и на друг начин.

И ова наше писмо ќе го искористиме за да ги заинтересираме релевантните фактори во РМ, за да го спасиме ОХИС од натамошно пропаѓање како хемиски капацитет. Затоа ги молиме, под итно да ги преземат потребните мерки за спасување на фирмата во интерес на идните генерации, а виновниците за сегашната состојба да одговараат за намерното уништување за лична корист.

Група акционери во ОХИС

(Вест) – Вторник, 15.02.2005

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ ОДЛУЧИ ЗА СЛУЧАЈОТ ВИЛА НА ВОДНО

Една година робија за екс директорката на Катастарот

Пресудата за Лазо Малијански исто така е потврдена: останува на шест месеци затвор. Апелациониот суд за архиварката Фросина Кипровска, осудена на затворска казна од три месеци одлучи казната по барање на ви

Затворската казна наТатјана Митровска, екс директорка на скопскиот катастар осудена на една година затвор за фалсификување документи, Апелациониот суд во Скопје одлучи да ја потврди. Пресудата за Лазо Малијански исто така е потврдена, односно останува на шест месеци затвор. Апелациониот суд за архиварката Фросина Кипровска, осудена на затворска казна од три месеци одлучи казната по барање на виштото обвинителтво да ја преиначи во условна. Пресудите за Мирче Ѓорговски и Панче Арсовски кои беа ослободени од кривична одговорност се поништува и тие се враќаат на повторно судење.

Во Апелациниот суд пред неколку седмици се одржа јавна седница на која сите обвинети бараат да им бидат намалени казните или пак да бидат ослободени од обвинение.

Тогаш жалба на првостепената пресуда имаше и застапникот на Вишто јавно обвинителство кој пак тврдеше дека обвинетите се виновни и треба построго да се казнат.

Митровска и петмина вработени во истата институција, беа обвинети дека фалсификувале документи за изградба на вила на Водно, вредна 2,5 милиони евра, која требаше да биде сопственост на брачната двојка Љубчо и Снежана Георгиевски.

Според обвинителниот акт во март, пред две години Митровска уништила две службени исправи за катастарски предмети. Таа им наредила на Лазо Малијански, раководител на Одделот за автомаска обработка и архиварката Фросина Кипровска во службените книги да внесат лажни податоци. По промените биле уништени вистинските имотни листови каде биле заведени податоците за Боше Здравев, сопственикот на имотот на Водно, кој бил префрлен на име на Соња Таковска, сестра на Снежана Георгиевска. Потоа во два наврати по наредба на директорката Митровска името на сопственикот за документот “подносител на пријава” било сменетето со името Тања Паковска, а потоа со името Сања Ѓаковска. Имињата биле измислувани, а обвинетите одговараат за фалсификување службени исправи.(К.М.)

(Време) – ВТОРНИК, 15.02.2005

Тутунската мафија врти 25 милиони евра годишно

Никола Стојанов

Шверцерите со цигари вртат повеќе од 25 милиони евра годишно на црниот пазар во Македонија, што претставува 20 отсто од сите пари што се вртат во тутунскиот бизнис во земјава, тврдат за „Време“ претставници на тутунски комбинати во земјава.

Дури половина од овие пари или повеќе од 12,5 милиони евра губи државата затоа што на овој промет со цигари не може да наплати акциза и данок на додадена вредност, а на увозните цигари и царина. Само за потсетување, повеќе од половината од малопродажната цена на кутија цигари се пари што одат на буџетска сметка за данок на додадена вредност (19 отсто) и уште 33 отсто за акциза.

Екипа на „Време“ вчера беше на „Бит-пазар“, најголемиот отворен пазар во земјава. Таму во центарот на Скопје, во непосредна близина на полициската станица во тој дел од градот, видовме десетина продавачи на цигари без бандероли. Во нивниот асортиман имаше цигари од марките „бос“, „вест“, партнер“, парламент“, марлборо“, бонд“ и сите цигари ги нудеа по цени меѓу 30 и 40 отсто пониски од цените на цигарите во продавница.

Само двајца од десетината продавачи, кои беа на возраст меѓу дваесетина и педесет години, сакаа да разговараат со нас. Едниот од нив рече дека заработува помеѓу триста и петстотини денари дневно и дека ова е многу полесна работа отколку да растовара вреќи. Постариот, пак, рече дека живее од продажба на цигари и од социјална помош зашто е невработен. И двајцата рекоа дека работат „за газдата“, за кого кажаа дека е од Скопје и дека го гледаат навечер, кога треба да го предадат пазарот, и наутро, кога треба да ги дополнат подвижните тезгиња со цигари.

На крајот од разговорот, постариот рече дека порано помалку заработувале затоа што биле повеќемина и дека сега работата оди подобро.

Според официјалните државни статистички податоци, Македонците годишно трошат околу 4.000 тони цигари. На легалниот тутунски пазар годишно се вртат околу 130 милиони евра. Половината од парите се за продавачите и за производителите, а другата половина за полнење на државниот буџет. На црниот пазар дополнително се продаваат уште околу 800 тони цигари, кои ги шверцуваат криминални групи.

Цигарите на црниот пазар стигнуваат од Албанија, Црна Гора, Косово и од Бугарија, а помалку од Грција. Неофицијално, производителите најголеми проблеми со нелојална конкуренција имаат на пазарите во Скопје, Тетово, Куманово и во Гостивар. Таму групите што продаваат на црно земаат дури половина од пазарот на цигари. Шверцувани цигари можат да се најдат и во Струмица, Делчево и во Гевгелија, но во помали количества затоа што шверцерите, најчесто се луѓе без редовна работа, кои не се организирани и секој од нив работи за себе и затоа пренесуваат помали количества цигари. Ова го покажуваат збирните податоците од пазарот остварен по градови на нашите соговорници, кои ги претставуваат компаниите што легално учествуваат на пазарот.

Шверцуваните цигари најчесто се пренесуваат со камиони преку граничните премини. Според студијата на Центарот за истражувања на демократијата ЦСД“, во регионов (Албанија, Бугарија, Србија и Црна Гора со Косово, Македонија, Грција, Босна и Херцеговина и Хрватска) има околу 10.000 фирми што транспортираат шверцувани цигари со мали камиони што носат товар од 8 до 10 тони. Македонија е дел од регионалниот синџир на трговија со цигари.

(Вест) – Вторник, 15.02.2005

Има црна листа на корупциски случаи, а не на судии

Соединетите Американски Држави подготвуваат црна листа на незавршени судски случаи во Македонија, но нема список на судии, потврдија вчера од американската амбасада во Скопје. Дипломатски извори јавуваат дека станува збор за долг список на предмети, а најмногубројни биле тие за државни функционери вмешани во корупција. На листата ќе се најдат и граѓански спорови што ги воделе судии поврзани со локални моќници.

Американската амбасада, во соработка со администрацијата во Вашингтон, подолго време ја подготвувала листата и таа ќе се објави наскоро. Се претпоставува дека на неа ќе се набројат сите развлечени случаи, без да се споменуваат имињата на судиите што ги воделе. Според нашите извори, за судиите не се планираат санкции, туку листата ќе биде порака дека некој ги следи состојбите во македонското судство.

Во амбасадата на САД не можат да потврдат дали ова е прв случај во една земја да се прави црна листа на незавршени судски случаи, ама претпоставуваат дека тоа се прави и за други земји со висок степен на корупција.

Веста ги затекна надлежните институции, кои велат дека за тоа првпат слушнале од медиумите. Од Републичкиот судски совет, надлежен за разрешување и за именување судии, велат дека во земјава има тела што треба да поведуваат постапки, па тоа не треба да го прават Американците.

– Ние имаме свои тела што треба да поведуваат постапки за корупција. Тоа се прави по барање од Јавното обвинителство или, пак, од Државната комисија за спречување корупција. Не може некој отстрана да ни прави црни листи. За секој предмет што се развлекува се наведени и причините зошто се правело тоа. Не можеме да ги ставаме судиите на тапет, бидејќи развлечените случаи не се секогаш последица на нивната неодговорност – вели Абдулселам Канзовски, член на РСС.

Со сличен став е и претседателот на Здружението на судии, Агим Мифтари. Тој вели дека е некоректно да се прави листа на корумпирани судии доколку за тоа нема цврсти докази.

– Ако навистина постои таа листа, понатамошната постапка треба да ја поведат полицијата и обвинителството. Сепак, некоректно е да се прави листа и таа да се објави јавно. Не е во ред колегите во судството меѓу себе да се гледаат како корумпирани – вели Мифтари.

Судски случаи на кои со години не им се гледа крајот се вилата на Водно, за која беше обвинета поранешната директорка на катастарот, злоупотребите во Министерството за одбрана, бидејќи тогашниот министер Љубен Пауновски ја обжали пресудата, и предметот повторно е во почеток, потоа процесите за Ламбе Арнаудов и Војо Михајловски, за кои се водат повеќе постапки за злоупотреби на службена должност, приватизацијата на „Нова Македонија“ за што е обвинет бившиот министер за одбрана Бесник Фетаи, како и предметот за Љупчо Поповски, поранешен државен секретар во МО, кој се товари за примање мито.

Министерката за правда Мери Младеновска-Георгиевска вчера не сакаше да ја коментира „црната листа на судии“, со образложение дека Министерството е задолжено за законските прописи, а за оцената на работата на судовите е надлежен РСС. Ленче Софрониевска, претседателка на РСС, вели дека нема никаква информација за наводната црна листа.

– Точно е дека има судски процеси што траат, но не сме информирани за црната листа, за да ја коментираме. Сепак, не ми се допаѓа целата работа – вели таа.

Од коментар вчера се огради и претседателот на Врховниот суд, Дане Илиев, кој објасни дека не е информиран за случајот. Во Државната комисија за спречување корупција, пак, велат дека ова е провокација и удар врз македонскиот интегритет.

– Судската власт е еден од трите столба на државата и изненадена сум како моите колеги-правници не станаа да го одбранат својот интегритет. Наместо да реагираме, ние покажуваме несигурност и слабост. Врз основа на кои критериуми се прават тие листи? Ние самите ги утврдивме слабостите во судството, па затоа нема потреба да ни се меша некој однадвор – вели Слаѓана Тасева, членка на Антикорупциската комисија.

Американскиот амбасадор Лоренс Батлер пред еден месец му посочи на премиерот Владо Бучковски дека во овие три години се уште не е затворен ниту еден случај поврзан со корумпиран политичар. Нашите извори велат дека овојпат се прави црна листа на незавршени судски случаи, бидејќи така реформите во македонското судство ќе тргнат од мртва точка. Ставот на САД е дека Македонија не може да стане членка на ЕУ и на НАТО со тромаво, неефикасно и корумпирано судство.

А. М. М. – М. Ј.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Аналитичар: Нема да биде тешко да се пополни празнината во Иран по смртта на Раиси

Објавено пред

„Нема да биде тешко да се пополни празнината по смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси“, изјави за Си-Ен-Ен аналитичар од Техеран.

dobivaj vesti na viber

„Претседателот Раиси не беше многу успешен економски претседател“, изјави за Си-Ен-Ен Меир Џаведанфар, директор на компанијата за економски и политички анализи на Блискиот Исток.

„Во Иран, рацете на претседателот обично се „врзани“, бидејќи иако тој има голема одговорност, овластувањето за спроведување на работите навистина останува во рацете на врховниот лидер“, додаде тој.

Тој, исто така, посочи дека Раиси „не бил некој со искуство во безбедноснite прашања“, ниту некој „со искуство во иранската државна администрација“.

„Тој не беше човек со визија. Тој не беше харизматичен политичар кој дојде да ги промени работите“, рече Џаведанфар.

Економијата со која требаше да управува всушност се влоши под претседателот Раиси, посочи тој, пренесува медиумот.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган: Раиси беше вреден колега и брат

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, нагласувајќи дека Турција стои во солидарност со Иран.

dobivaj vesti na viber

Ердоган на платформата Х напиша дека се сеќава на Раиси со почит и благодарност, наведувајќи дека иранскиот претседател вложил напори за мир во Иран и регионот.

„Турција стои покрај Иран во ова тешко време“, рече Ердоган, нарекувајќи го Раиси „вреден колега и брат“.

Покрај Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, идентификувани се уште три лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Убиени се имамот во градот Табриз, ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, началникот на иранската провинција Источен Азербејџан, генерал Малек Рахмати и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.

Загинаа и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптер кои се уште не се идентификувани.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Последната снимка на Раиси од хеликоптерот на смртта

Објавено пред

Иранската агенција Тасним објави фотографија, а на социјалните мрежи е објавено и видео на кое се гледа иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерот во кој доживеа фатална несреќа.

dobivaj vesti na viber

Иранските медиуми објавија и фотографија обезбедена од новинската агенција на Исламската Република ИРНА, на која хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси полета кон иранската граница со Азербејџан откако претседателот Раиси и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев ја отворија браната Киз Каласи.

Претседателот Ебрахим Раиси загина заедно со министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир-Абдолахиан во хеликоптерска несреќа во неделата во оддалечениот северозапад на земјата, потврдија државните медиуми.

Објавена е и снимка од остатоци од хеликоптер во планински дел на Иран.

Загубата на Раиси – конзервативен тврдокорен и штитеник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи – се очекува да посее дополнителна неизвесност во земја која веќе е под голем економски и политички притисок, со тензии со блискиот Израел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа...

Свет47 минути

Путин му изрази сочувство на Иран: „Раиси беше вистински пријател на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин упати сочувство до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, опишувајќи го Раиси како вистински пријател на...

Свет1 час

(Видео) Новинар известува покрај остатоците од хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, багажот на патниците е расфрлан наоколу

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа, која се урна во неделата на северозападот на земјата, а спасувачките...

Свет2 часа

Реакции на светските лидери за смртта на иранскиот претседател

Лидерите ширум Блискиот Исток и пошироко го изразуваат своето сочувство откако иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште осум лица загинаа...

Свет3 часа

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те денеска побара од Кина да ги прекине своите воени и политички закани, велејќи во својот...

Свет4 часа

(Видео) Повеќе торнада ја погодија Оклахома, објавени се снимки

Вчера вечерта се формираа повеќе торнада низ американската сојузна држава Оклахома, вклучително и едно што помина низ Оклахома Сити. Засега...

Свет4 часа

Раиси летал со хеликоптер од американско производство, објави иранска новинска агенција

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Раиси летал со хеликоптер Bell 212 од американско производство. Според воениот аналитичар на...

Свет4 часа

(Видео) Нема преживеани во хеликоптерската несреќа со иранскиот претседател, објавија иранските агенции

Иранските агенции јавуваат дека местото на падот на хеликоптерот е пронајдено и дека нема преживеани, пренесува Си-Ен-Ен. „Нема знаци на...

Свет4 часа

(Видео) Објавена снимка од местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател

Се претпоставува дека иранскиот претседател и министерот за надворешни работи се мртви откако иранските државни медиуми објавија дека не се...

Македонија16 часа

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет17 часа

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион22 часа

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ22 часа

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...

Македонија1 ден

Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид

Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи...

Топ1 ден

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ2 дена

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ2 дена

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија2 дена

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа2 дена

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ2 дена

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...