Свет
Струја за фабриките само со банкарска гаранција
Поголемите фирми на први јануари в година ќе добијат привилегии кај дистрибутерот на електрична енергија “МЕПСО” ако приложат банкарска гаранција, со која ќе гарантираат за струјата што ќе ја потрошат.
МЕПСО В ГОДИНА ВОВЕДУВА НОВИНИ
Поголемите фирми на први јануари в година ќе добијат привилегии кај дистрибутерот на електрична енергија “МЕПСО” ако приложат банкарска гаранција, со која ќе гарантираат за струјата што ќе ја потрошат. Со тоа ќе можат да влезат во групата квалификувани потрошувачи. Банкарските гаранции се воведуваат заради редовно плаќање на електричната енергија, што ќе биде клучно за оддржување на ликвидноста на “МЕПСО”, кој пак треба да обезбеди наплата од најмалку 98 отсто.
Во ЕСМ соопштуваат дека во почетокот на идната година сите индустриски капацитети ќе треба да се произнесат дали сакаат да користат струја според стандардниот начин на тарифирање или, пак, сакаат да бидат квалификувани потрошувачи. Дознаваме дека во редот на квалификувани ќе можат да влезат потрошувачите што користат над 20 милиони мегават-часови електрична енергија. Тие во “МЕПСО”, покрај банкарската гаранција, ќе треба да достават и прецизна студија за потребните количества струја. Фирмите ќе плаќаат пенали ако прецизно не ги утврдат потребните количества енергија.
Во фирмите што се големи потрошувачи на електрична енергија, велат дека банкарските гаранции воопшто нема да бидат проблем.
– Ќе работиме според законски утврдените правила. Најважно е точно да се дефинира договорот за набавка на струја. Не се проблем ниту проекциите за потребните количества, бидејќи тие и сега се прават – велат во “Фени”.
Во ЕСМ велат дека ова се прави за да не се случи некоја компанија да побара поголеми количества струја од реалните потреби. Пред неколку години тоа се случило со “Југохром” од Јегуновце. Тогаш ЕСМ морало да увезе поскапа струја за да одговори на потребите на фирмата, но се покажало дека “Југохром” троши помалку. За да се испегла вишокот енергија се интервенирало со намалување на домашното производство, кое пак е поевтино.
Една од главните причини зошто се воведува овој начин на плаќање е и создавањето на регионална берза на струја. Според најавите, овој проект најверојатно ќе профункционира од почетокот на идната година.
– На регионалната берза никој нема да дозволи да не се плати потрошеното количество електрична енергија. Струјата ќе се наплати со активирање на банкарската гаранција. Но обврски има и за производителите, кои исто така ќе плаќаат казни ако не го обезбедат количеството струја за кое се обврзале дека ќе го достават. Така ќе се обезбеди стабилен и функционален пазар – смета Горан Соколовски, експерт за тргување со струја во ЕСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најден е урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Раиси
Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.
Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.
Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата.
Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси денес доживеа „тешко слетување“.
Свет
Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон
Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска. Треба да преземете итна акција за да ги вратите дома“, рече Клинтон, пренесува Танјуг.
Амбасадорот на САД во Израел, Џек Лу, рекол дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува The Times of Israel. Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија огнови, барајќи итен договор за ослободување на заложниците од Газа.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат по завршувањето на одобрениот митинг, полицијата го прогласи протестот за незаконски и интервенираше за деблокирање на автопатот.Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за нарушување на редот на антивладините протести во Тел Авив.
Околу 200 демонстранти излегоа на одделни протести во Ерусалим, кои се одржаа во близина на Кнесетот.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на „Guitar Art“ денеска собра 1.000 гитаристи на плоштад во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на ’Трг Републике’. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот да уживаат во првокласен музички настан.