Свет
Нотар и пензионер ја молзеле државата во „Бачило“
Антикорупциската бара да се испита работата на нотарот Никола Стојменовиќ, кој ги склучил договорите, и на заемодавачот, пензионерот Ордан Миланоски
Антикорупциската бара да се испита работата на нотарот Никола Стојменовиќ, кој ги склучил договорите, и на заемодавачот, пензионерот Ордан Миланоски
Државната комисија за спречување корупција вчера побара од министерствата за правда и за финансии и од Управата за јавни приходи да ги испитаат договорите за хипотекарен заем на Иснифарис Џемаили, сопственик на бачилото обесштетено со 727 илјади евра. Антикорупциската бара да се испита работата на нотарот Никола Стојменовиќ, кој ги склучил договорите, и на заемодавачот, пензионерот Ордан Миланоски, кој се јавува како правен застапник и во повеќе случаи на денационализација.
– Ова е школски пример за корупциски скандал, во кој се вмешани повеќе институции. Во расчистување на случајов треба да се вклучат Обвинителството, МВР и УЈП. Со ова се открива значаен случај на коруптивно однесување. Очигледно е дека државните институции не постапуваат навремено. И сега, кога имотот е под хипотека за заем од 120 илјади евра од Ордан Миланоски, Јавното правобранителство може и треба да предложи да се спроведат привремени мерки до крајот на постапката. Тоа е многу значајно, но очигледно институциите заостануваат зад Џемаили и неговите соработници. Случајов ќе го провериме до крај, бидејќи наидовме на трага на значаен случај на организиран криминал и корупција – изјави претседателот на Антикорупциската комисија Михајло Маневски.
Џемаили го заложил речиси сиот свој имот – куќи, станови, гаражи и деловен простор под хипотека за заем од 120 илјади евра од Ордан Миланоски. Рокот за исплата на долгот истече во саботата. Основниот суд 1 во Скопје го замрзна имотот на Џемаили додека не се утврди дали правилно му била досудена отштетата за бачилото.
Антикорупциската комисија вчера разгледувала нотарски акти од нотарот Никола Стојменовиќ и утврдила дека тој и Ордан Миланоски се јавуваат во неколку случаи на давање заем со хипотека и денационализација.
– Вџашени сме како се работи вон институциите. Има полномоштва Миланоски да го застапува нотарот, да застапува лица во случаи на денационализација, се јавува како давач на заем во неколку хипотекарни договори… Побаравме од Министерството за правда да ја прегледа работата на нотарот Никола Стојменовиќ во врска со склучување хипотекарни договори, а од Катастарот извештај кога и како се поднесени и регистрирани договорите и што се случува со нив – рече Маневски.
Кој е Ордан Миланоски, прашува Антикорупциската.
– Тој во повеќе случаи се јавува во врска со нотарот како давател на заем, ополномоштено лице за денационализација, претставник за реализирање хипотекарни договори. Не само за Џемаили, се јавува многу порано, и во други случаи. Бараме информација кое е тоа лице. Од Министерството за финансии бараме информација за случаите на денационализација во кои се јавува како правен застапник – вели Маневски.
Една од спорните работи во договорите е и оданочувањето на имотот.
– Дојдовме до сознание дека ова е масовна појава. На пример, се дава заем од 890 илјади денари, а заложениот имот вреди 50 пати повеќе. Целта е да се запише сопственост на имотот, но да се плати само данокот на дадената позајмица. Користени се овластувањата и нанесена е штета на државата – тврди претседателот на антикорупциската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

