Свет
На тапет е секој изборен чекор на партиите во политичката кампања
Невладините организации и антикорупционерите им дишат во врат на сите партии кои претендираат да го освојат тронот на власта
НВО и антикорупционерите им дишат во врат на партиите
Невладините организации и антикорупционерите им дишат во врат на сите партии кои претендираат да го освојат тронот на власта. Со ангажирани агенции го мониторираат секој изборен чекор во политичката кампања која стартуваше на 15 јуни, а треба да финишира на 3 јули. На тапет се митинзите и она што вклучува за нивно организирање, закуп на простор, осветление, озвучување, музички ѕвезди, огномет, спотовите и платените политички програми на радио и на телевизија, рекламните страници во весниците, бројот на билбордите и нивните димензии, печатените програми, флаери, капи, маици, пенкала, беџови. Посебно ќе се набљудуваат партиите во власта – СДСМ, ЛДП и ДУИ- но нема да куртулат и опозициските, како ВМРО-ДПМНЕ, која во претходните изборни циклуси пријави смешни трошоци на кои никој не може да им поверува. Поентата на интензивниот мониторинг е добивање показатели колку се веродостојни финансиските извештаи на партиите кои по завршување на изборите треба да се отчитаат пред ДИК, ДЗР и Собранието со она што се случува во реалноста.
„Транспарентност Македонија" стартуваше со проект за набљудување на финансиите на партиите во политичките кампањи. Покрај настаните во Скопје, ќе се следуваат партиските промоции и на локално ниво, преку регионалните канцеларии во Тетово, Кавадарци, Штип, Делчево и Ресен. Постои можност за покривање на подрачјата на уште три големи центри, Битола, Охрид и Кичево. „Целта на проектот за кој добивме пари од ОБСЕ е транспарентност на трошоците во изборната кампања и начинот на кој се обезбедуваат парите за оваа намена. Од сондажата очекуваме да дознаеме дали постои диспропорција меѓу дозволените средства евидентирани во партиските сметки и парите кои реално ќе се трошат на терен", изјави претседателката на „Транспарентност Македонија", Габриела Коневска. Притоа, потенцира дека сите донации и подароци, па дури и да се работи за парфем, мора да бидат зебележани во финансиските извештаи.
Тоа што изборните правила не го регулираат прашањето на предвремените агитации е голем пропуст, велат во невладиниот сектор. Неопходни се итни измени на постојното законско решение или сосема нов акт за финансирање на изборната кампања. Еден месец пред официјалната кампања државниот имот е раскрчмен за 100 милиони евра, тврдат во „Транспарентност", а не се знае каде и во што ќе бидат насочени. Изборите се нов циклус за корупција, а јавна тајна е дека сите инволвирани страни-поединци или компании очекуваат услуги, привилегиран статус во вработувања, добивање јавни набавки, тендери, лиценци, концесии, намалени даноци.
„За овие парламентарни избори сж треба да е дигнато на нога,. Веќе ја следиме кампањата од аспект на трошење на парите. На јавен оглас ангажиравме агенција која секојдневно доставува извештај за партиските реклами објавени во печатените медиумите. Од Советот за радиодифузија ќе добиваме отчет за политичката кампања низ реклами, спотови, платени програми во телевизиите", вели претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Михајло Маневски . Според него, можеби изгледа ситно, но било вредно да се провери дали партиите плаќаат патарина кога крстосуваат со карваните низ државава. „Очекуваме и известувања од фирмите кои најмуваат рекламни паноа, кои субјекти се во прашање, колку ќе платат".
Изборниот законик им дозволува на партиите да водат скапи кампањи, со помали шанси да го надминуваат дозволениот лимит како досега. Ако во претходните избори големите партии за 30 дена рекламирање трошеа во просек по половина милион евра и ја надминуваа границата од 400.000 евра, сега со едно евро за гласач, во кампања ќе можат да инвестираат по 1,7 милион евра. Поединец-физичко лице за партија може да донира по 5.000 евра, а фирма-правно лице до 20.000 евра. Сепак, и тука нема гранична линија, бидејќи не се потенцира колку пати можат да донираат исти лица или компании. Ниту една партија не сака да каже од каде ќе добие пари за кампања. Кријат кој ќе ги одврзе ќесињата за нив.
Меѓународните експерти им порачаа на партиите дека финансиските извештаи за тоа колку пари добиле за кампања, од кого и како ги потрошиле мора да бидат прецизни. Мора да се наведе секоја донација, заем, долг, кредит или бесплатна услуга. Спонзорите мора да бидат објавени, со име и презиме, да се знае износот на парите, од каде доаѓаат и кога се ставени на партиската жиро-сметка. Мора да се пресечат тајните канали на финансирање на партиите, преку јавните претпријатија и фондовите. Ќе одолеат ли партиите на прикривање на финансиите од бизнисот за политиката, останува да се види.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

