Свет
Скапите лекови ја задоцнија новата листа

Новата позитивна листа лекови, која, според најавите од Министерството за здравство, требаше да биде изготвена уште пред десетина дена, доцни најмногу поради тоа што меѓу предложените 130 нови лекови, се наоѓаат околу 35 препарати чија цена е висока и се движи и по 2.000 евра.
Новата позитивна листа лекови, која, според најавите од Министерството за здравство, требаше да биде изготвена уште пред десетина дена, доцни најмногу поради тоа што меѓу предложените 130 нови лекови, се наоѓаат околу 35 препарати чија цена е висока и се движи и по 2.000 евра.
На листата, која тежи 50 милиони евра, а се подготвува во последните неколку месеци, се предложени вкупно 350 препарати во разни дози и форми. Околу 130 лека се нови, а од старата листа се исфрлени педесетина препарати. Во Фондот за здравствено осигурување тврдат дека новата позитивна листа на лекови што се на товар на Фондот, не е вратена на доработка по забелешките од страна на Светската банка дека таа, наводно, е прескапа, туку се’ уште се вршат финансиски анализи.
– Нема ништо ново, се’ уште се прават пресметки за тоа колку ќе чинат лековите на новата листа. Конечниот став ќе го кажеме во договор со Министерството за здравство и со Владата. Листата не е вратена да се доработи, туку таа се’ уште се анализира. Кога ќе се усогласиме со Министерството, а притоа ќе се почитуваат и препораките на Светската банка, листата ќе биде доставена на усвојување до Управниот одбор на Фондот за здравство – велат во Фондот.
Меѓу скапите препарати се наоѓаат и нови лекови кои пациентите досега немале право да ги подигнат со партиципација, туку приватно морале да ги купат. Новите лекови дополнително ќе го оптоварат буџетот на Фондот, па затоа предложената листа е под лупа пред да биде дадена на усвојување.
И во Министерството за здравство признаваат оти Светската банка ги предупредила дека на листата се предложени скапи лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хамас објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници

Милитантната група Хамас вчера објави дека ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација.
Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.