Свет
Менаџерски договори за да се зачуваат државните фотелји
Со вакви договори може да се заштитат само директорите на државните акционерски друштва, а за другите што ќе бидат сменети следува едногодишна апанажа
Со вакви договори може да се заштитат само директорите на државните акционерски друштва, а за другите што ќе бидат сменети следува едногодишна апанажа
Директорите на јавните претпријатија се во паника поради можноста да бидат разрешени од новата влада. Дознаваме дека една од опциите што ја разгледувале за да ги зачуваат фотелјите од новата власт била склучување на неколкугодишни менаџерски договори. Но, таа можност ја имаат само првите луѓе на претпријатијата, кои според законот, се трансформираа во акционерски друштва. Овој процес досега го завршија Македонската информативна агенција (МИА), Градскиот трговски центар (ГТЦ), Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и Македонскиот електропреносен систем (МЕПСО). Механизам за заштита во ваквите договори може да бидат клаузулите за обесштетување во случај на предвремено раскинување на договорот.
Директорите на МЕПСО и на ЕЛЕМ имаат менаџерски договори, кои ги склучија во минатата година, кога се трансформира старото Електростопанство, односно пред продажбата на „Дистрибуција“. Портпаролот на ЕЛЕМ Бране Стефановски тврди дека во четиригодишниот менаџерски договор на првиот човек на ЕЛЕМ, Панде Лазаров, нема клаузула за обесштетување.
Директорот на МИА Зоран Иванов изјави дека се уште нема потпишано менаџерски договор, но дека нацрт верзијата била готова.
– Во неа е предвидена исплата на надомест во висина на платата и придонесите ако договорот биде раскинат предвреме. На мое инсистирање беше ставен тој износ, кој може да се исплати одеднаш или на 12 месечни рати. Тој износ е колку и апанажата што следува за именуваните државни функционери – вели Иванов.
Од ГТЦ вчера не добивме информација дали директорот Милан Милошевски има менаџерски договор со претпријатието.
Професорот на Правниот факултет Тито Беличанец вели дека менаџерските договори се во согласност со измените на Законот за јавни претпријатија, но дека се во функција на професионализација на вршењето на директорските функции во државните институции. Според него, тие не треба да се склучуваат само за да се остане на функција.
– Тоа не е решение. Впрочем органот на управување може идната година да не го прифати извештајот за работењето на директорот и да го разреши. Многу тенденциозно е ако во менаџерските договори има клаузули за обесштетување – смета Беличанец.
Законските измени налагаат избор на директорите на јавен конкурс, а не со владина или собраниска одлука, како што беше случај досега.
– На главните функции во државните претпријатија мора да се поставуваат компетентни, а не партиски луѓе. Што е оваа смеурија сега? Мора да се распишат конкурси и така да се избираат директорите – вели професорот Беличанец.
Апанажа за разрешените
Сите директори на јавни претпријатија и нивните заменици што ќе бидат разрешени од новата владата една година ќе добиваат апанажа од државата. Таа ќе биде во висина на платата што ја земаат сега плус придонесите за здравствено и пензиско осигурување.
Апанажа е предвидена за директорите бидејќи и тие се третираат како другите назначени државни функционери што се финансираат од буџетот.
Спасијка Јованова
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

