Свет
Во МНР вработени девет нови службеници

Сите вработени се Албанци, а одлуката за нивна распределба ја донела владината комисија за правична застапеност
ВЛАДАТА И ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ ЈА ЗГОЛЕМУВА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА
Сите вработени се Албанци, а одлуката за нивна распределба ја донела владината комисија за правична застапеност
На заминување на старата влада, во Министерството за надворешни работи се здомени девет нови државни службеници.
Во МНР потврдија дека кај нив со распределба се донесени девет нови службеници.
"Не се вработени специјално од МНР, туку со преземање од Генералниот секретаријат на Владата се распределени во министерството. Тоа е според програмата за правична застапеност", изјавија вчера од МНР.
За одлуката за прием на нови вработувања, во МНР велат дека нема ништо незаконски, бидејќи тоа биле луѓе кои биле примени на конкурс кој бил распишан есента минатата година.
"Сите примени се Албанци. Сите имаа одредено искуство, добро зборуваат јазик, за разлика од некои сегашни вработени во МНР" велат од министерството.
Одлуката за распределба ја донела владината комисија за правична застапеност, составена од Муса Џафери, Јован Манасиевски и Радмила Шеќеринска.
Од МНР потенцираат дека одлуката за прием на нови вработени била донесена во јули, бидејќи се ослободил простор за нивно сместување во Министерството за надворешни работи, со заминувањето на вработени од министерството со договор на дело. (Г.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Елина Валтонен: Финска ќе биде дел од коалицијата да и пружи помош на Украина

Финска дефинитивно ќе биде дел од секоја коалиција што може да помогне во поддршката на безбедноста на Украина, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен за британскиот Радио Тајмс.
„Дефинитивно сме дел од коалицијата на подготвените и го разгледуваме збирот ресурси и способности што треба да ги донесеме на маса за да и помогнеме на Украина да ја обезбеди својата безбедност“, рече таа, според Ројтерс.
Како што истакна таа, мора да се обезбеди и остатокот од Европа.
Свет
Брисел: Почестени сме од желбата на Канаѓаните да влезат во ЕУ, но тоа не е остварливо

Брисел е почестен од резултатите од истражувањето кое покажа интерес на Канаѓаните за влез во Европската унија, изјави денеска Пола Пињо, портпарол на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но нагласи дека идејата не е остварлива.
Истражувањето, спроведено на крајот на февруари од истражувачката компанија „Абакус Дата“, покажа дека 44 отсто од канадските испитаници веруваат дека нивната земја треба да се приклучи на ЕУ, додека само 34 отсто се против идејата, објави Политико.
Прашањето за општа поддршка за пристапување во европскиот блок наиде на одобрување од 46 отсто од испитаниците.
Свет
Поранешен советник на Путин: Русија стравува од едно сценарио во прекинот на огнот

Владимир Путин најверојатно планира да одговори на предлогот за прекин на огнот со свое барање, изјави неговиот поранешен советник Сергеј Марков.
Зборувајќи за SkyNews, Марков рече: „Русија стравува дека периодот на прекин на огнот ќе се искористи за целосна милитаризација на украинското општество од страна на НАТО“.
Поради ова, тврди тој, Путин најверојатно ќе бара ембарго за испорака на оружје на украинската армија од други земји.
Но, кога еден новинар го прашал за можноста за испраќање мировници од европските земји, Марков се насмеал.
„Британските и француските трупи се дел од војната“, рече тој, додавајќи дека мировниците обично се од неутрални земји.
„Сите војници од европските земји би се сметале за окупатори, а руските војници би ги убиле сите бидејќи дошле да ја ослободат Украина.
Тензиите се зголемија кога беше прашан дали Русија ќе ги смета британските мировници за непријатели и учесници во војната.
„Да, затоа што Британија е учесник во војната“, одговори Марков, мислејќи на воената помош што Обединетото Кралство и ја дава на Украина.