Свет
Владата сака да ги извиси „Бетон“ и „Гранит“ од тендерот за “Злетовица“
Нашите компании имаа најдобра понуда, но ги фаворизираат турската „Мапа“ и кинеската „Чајна“, тврдат синдикалците
Нашите компании имаа најдобра понуда, но ги фаворизираат турската „Мапа“ и кинеската „Чајна“, тврдат синдикалците
Владата на заминување преку Министерството за земјоделие сака да го елиминира домашниот конзорциум „Бетон“ и „Гранит“ од трката за изградба на браната „Злетовица“, во корист на странските компании, обвини вчера Синдикатот на градежните работници при ССМ.
Синдикалците тврдат дека домашните компании имале најдобра понуда на тендерот, но се фаворизираат второпласираната турска компанија „Мапа“ и кинеската „Чајна“. „Гранит“ и „Бетон“ за изградба на браната понудиле 26 милиони евра, или девет милиони евра помалку од „Мапа“. За цевководот, домашните компании ФЗЦ „11 Октомври“, „Гранит“ и „Бетон“ нудат 19,6 милиони евра, а „Чајна“ 21,6 милиони евра.
– Владата преку Министерство за земјоделство прави напори да се елиминира конзорциумот „Бетон“ и „Гранит“. Тоа се прави сега кога нашите градежни компании го добија бонитетот за учество на меѓународниот тендер, добија виза од Јапонската банка за меѓународна соработка и за изградба на браната понудија девет милиони евра пониска цена од второпласираната турска компанија. Сега, наместо високата цена, испадна дека е проблем многу ниската цена – рече на вчерашната прес-конференција Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот на градежните работници.
Трендафилов предупредува дека ако домашните компании го загубат бизнисот, тоа ќе има несогледливи последици за работниците, за компаниите и за целата економија во земјава. Според пресметките на Синдикатот, месечната загуба на државниот буџет по основа на даноци и придонеси ќе изнесува 900 илјади евра или 11 милиони евра годишно.
– Иако досега требаше да биде избран изведувачот, повторно се прават напори работата да ја земе странска компанија. Не постои ниту една минимална пречка нашите компании да не учествуваат во изградбата на браната „Кнежево“ и цевководот во должина од 55 километри за напојување со вода на Штип и Свети Николе. Затоа се надевам дека ќе преовлада разумот – рече Трендафилов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот конзулат во Дубаи.
Според него, дронот погодил паркинг покрај зградата на конзулатот, а голем број вработени го напуштиле објектот пред почетокот на американско-израелската акција против Иран, пренесе Си-Ен-Ен.
Just got a new angle of the Burjuman Dubai US Embassy Explosion pic.twitter.com/0WM65HOGW2
— Deon Menezes (@DeonMen) March 3, 2026
Претставник на Обединетите Арапски Емирати изјавил дека конзулатот бил затворен во моментот на нападот.
Во безбедносно предупредување е наведено дека Амбасадата на САД во Абу Даби и Конзулатот во Дубаи ги откажале сите термини за визи, услуги за американски државјани и нотарски услуги најмалку до 4 март.
На американскиот персонал во Обединетите Арапски Емирати му било наредено да остане на безбедно и да не доаѓа во дипломатските претставништва.
Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека пожарот предизвикан од инцидентот со дронот е изгаснат и дека нема повредени. Видео снимки на Си-Ен-Ен покажуваат густ црн чад кој се издига над зградата на конзулатот.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА

