Свет
УБК уништува важни документи
Од пред два дена одбрана екипа од директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР почна со изнесување и уништување на службени материјали кои содржат податоци за злоупотреба на тајната полиција, со цел прикривање на оперативните ангажмани на УБК во изминатите четири години, тврди Јанко Бачев
ЈАНКО БАЧЕВ ЛИДЕР НА НАРОДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ТВРДИ
Од пред два дена одбрана екипа од директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР почна со изнесување и уништување на службени материјали кои содржат податоци за злоупотреба на тајната полиција, со цел прикривање на оперативните ангажмани на УБК во изминатите четири години, тврди Јанко Бачев, лидер на партијата народно движење на Македонија
" Екипа од пет луѓе под раководство на директорот на УБК организира следење на угледни луѓе кои во своите средини можат да влијаат на гласачите, а се поддржувачи на опозицијата," потенцира Бачев.
Бачев вели дека уништувањето документи не било ништо ново, тоа се правело и кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт.
" Во времето на Доста Димовска се правеше истото. Тоа се прави 15 години. Се надеваме дека новиот премиер ќе ги среди работите во разузнавањето" вели Бачев.
Од Министерството за внатрешни работи не сакаа да коментираат обвинувања од поединци.
"Тоа не се точно", кратко ни изјавија од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

