Свет
Ќе се „чешлаат“ старите концесии кај Рашче и се забрануваат нови
Инспекторите од Министерството за економија денеска на терен, додека пак од екологија – молчат
Инспекторите од Министерството за економија денеска на терен, додека пак од екологија – молчат
Државата нема да дава нови концесии за ископувања во заштитените зони кај изворите во Рашче. Воедно, државата ќе ги преиспита и сите досега издадени концесии за експлоатација на минерални суровини, но и за води, издадени на локации што се во некоја од трите заштитените зони околу изворите. Ова е одлука на вчерашната седница на Владата, по неодамнешните реакции од ресорот за екологија за можно загадување на изворите.
Владата воедно го задолжи Министерството за економија да го раскине договорот за концесија со „Шаза транс“ од тетовското село Слатино. Владата ќе формира работна група во која ќе влезат претставници од министерствата за економија, за животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за култура и од Министерството за транспорт и врски, која ќе треба да ги преиспита доделените концесии на приватната фирма „РОТИКО Далибор и други“ од Скопје, која доби право за користење на водата, и на „Не на“ ЈТД од тетовското село Јегуновце.
Оваа комисија воедно ќе треба да ги утврди и можностите за штетното влијанија во експлоатацијата на минерални суровини од овие концесии врз изворот Рашче.
Дознаваме дека денеска инспекторите од Министерството за економија ќе излезат на терен за да ја утврдат фактичката состојба и последиците од веќе издадените концесии во загадувањето на водите на изворите.
– Ако анализата покаже дека реално постојат штетни последици од ископувањето, ќе бидат забранети сите рударски активности во заштитените зони – категоричен е Фатмир Бесими, министерот за економија.
По спроведувањето на неопходните дејствија, работната група треба да и’ предложи на Владата можни решенија за евентуално одземање на веќе доделените концесии или за продолжување со работа на постојните доделени концесии.
Од овие извори со вода за пиење се снабдуваат околу 600.000 жители на Скопје и уште стотина населени места што гравитираат околу главниот град.
Слободан Содик
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

