Свет
На возачот на МВР ќе му се суди четврти пат
Во петок, во Основниот суд во Битола предметот против Слободан Гиговски, возач на возилото на МВР – БМВ-316, придружувајќи ја турската делегација на тогашниот турски премиер удрил во возилото на Душко и Вера Балтовски при што тие го загубиле животот,
СУДСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ СО ДИПЛОМАТСКАТА СООБРАЌАЈКА
Во петок, во Основниот суд во Битола предметот против Слободан Гиговски, возач на возилото на МВР – БМВ-316, придружувајќи ја турската делегација на тогашниот турски премиер удрил во возилото на Душко и Вера Балтовски при што тие го загубиле животот,
Во Основниот суд во Битола в петок ќе се одржи нова судска расправа по предметот дипломатска сообраќајка кој во овој суд се води нешто повеќе од осум години.
Се работи за сообраќајката што се случи на 7 јули 1998 година на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај селото Беранци, во која животите ги загубија Душко и Вера Балтовски од Битола, а неколку членови на турската делегација, предводена од тогашниот турски премиер Месуд Јилмаз беа тешко повредени. Патничкото моторно возило, марка "шкода фелиција", во кое се наоѓаше брачната двојка Душко и Вера Балтовски, движејќи се во спротивна насока било зафатено и оттурнато од полициското возило марка БМВ-316, управувано од возачот-полициски инспектор Слободан Гиговски, по што го изгубило правецот на движење, се превртело, а потоа удрило во единаесеттото по ред возило, марка "ауди А-6", сопственост на македонската Влада. По несреќата, врз основа на истражната постапка судските вештачења во кои е прецизирано дека Гиговски со возилото навлегол 107 сантиметри на спротивната коловозна лента и удрил во фелицијата, против него бил поднесен обвинителен акт за сторено тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Со оглед на тоа што на високата турска делегација која што од Скопје патуваше за Битола и бил определен втор степен на безбедност, односно било дозволено сообраќајот да се одвива во двата правци, реакцијата на Гиговски не била дозволена, односно и тој бил должен да го почитува и да се придржува на Законот за безбедност во сообраќајот.
Судската поистапка што се води во Основниот суд во Битола трае повеќе од осум години и се донесени три ослободителни пресуди за обвинетиот Гиговски, но истите во жалбена постапка беа поништувани од страна на повисокиот Апелационен суд, како незаконски. Според Драган Балтовски, брат на загинатиот Душко, судиите во битолскиот Основен суд Тодорка Шишкова и Мери Радевска во целост ги игнорирале одлуките на Апелациониот суд, законите и Уставот на РМ., поради што со третото решение Апелациониот суд дал наредба судијата Мери Радевска да биде изземена од постапување по овој предмет. Четвртиот циклус судења започна со новата судијка Љиљана Чочковска. Судењето почна и заврши во еден ден на 11-ти минатиот месец. Судиката Чочковска не изрече пресуда туку реши пак да го отвори процесот и да ги повика на сведочење вештаците од Скопје кои досега трипати во Основниот суд во Битола ги образложиле своите мислења и наоди за случајот.
Незадоволен од бавноста на судот во донесувањето на пресудата, Драган Балтовски, кој живее и работи во Белград, а доаѓа исклучиво за судењата вели: "Оваа судска фарса своето неизбежно финале ќе го има пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Целокупната документација веќе се наоѓа во рацете на најеминентните европски адвокати кои ги имаат завршено сите подготовки за поднесување жалба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.