Свет
Ограбени пациенти
Лекарите го прекршуваат законот, оти двојно наплатуваат – и од пациентите и од Фондот за здравство, па лекарите треба да бидат доблесни и откако ќе го добијат авансот од државната каса на тие болни на кои незаконски им наплатиле, да им ги вр
НИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НИ ЛЕКАРИТЕ НЕ ГИ ВРАЌААТ ПАРИТЕ ЗА БЕСПЛАТЕНИТЕ ПРЕГЛЕДИ
Лекарите го прекршуваат законот, оти двојно наплатуваат – и од пациентите и од Фондот за здравство, па лекарите треба да бидат доблесни и откако ќе го добијат авансот од државната каса на тие болни на кои незаконски им наплатиле, да им ги вр
Фондот за здравство нема шанси да им ги врати парите на пациентите кои платиле за бесплатниот преглед кај матичниот лекар. Иако, според законската регулатива, на осигурениците им е загарантирано лекување кај матичниот лекар без пари, неколку месеци болните плаќаат од 100 денари па нагоре за добиената помош оти лекарите се уште не склучиле концесиски договори со Фондот за дравство. За тоа не добиваат ниту сметка ниту каков било документ со кој би можеле, евентуално, да си ги повратат парите од државната здравствена каса. Дури и да добијат, осигурениците не можат да си ги рефундираат потрошените пари оти, според законот, таа услуга е бесплатна.
Директорот на Фондот Георги Тренкоски е категоричен дека не може да се враќаат пари кои, всушност, леакрот не смее да ги зема. И покрај тоа што тој ги знае ваквите неправилности, кои единствено ги оштетуваат и ги удираат по џебот болните, пред два дена им порача на пациентите да им прогледаат низ прсти на лекарите кои им наплаќаат за дадената услуга оти "ова е премногу болен период и болно се поднесуваат реформите, ние бараме да им се помогне на битните луѓе во општеството – лекарите".
Потврда за тоа дека парите што пациентот ги дал по амбулантите нема да му се вратат даде и министерот за здравство Имер Селмани.
"Ако ова се случува, тогаш лекарите го прекршуваат законот, оти двојно наплатуваат. И од пациентите и од Фондот за здравство. Лекарите треба да бидат доблесни и откако ќе го добијат авансот, треба на тие болни на кои незаконски им наплатиле, да им ги вратат парите. Засега никој од тие лекари не е санкциониран оти нема ниту една пријава од пациент дека му е наплатено кај матичниот лекар. Кога ќе има макар една пријава, инспекторите ќе излезат на терен. Ние не можеме да знаеме што се случува во секоја амбуланта одделно ако за тоа не ни укажат пациентите", потенцира министерот Селмани.
Пациентите, збунети од т.н. реформи, само коментираат.
"Кој од нас за 100-200 денари ќе доаѓа во Фондот и ќе го кодоши својот лекар? Па, ни лекарите не се виновни, мора да преживеат, мора да ни наплатат. Место да ја бараат вината во себе, дека реформите им се за никаде, ним час им се криви пациентите, час лекарите. Вистинското прашање е зошто плаќаме придонес за здравство", коментираат пациентите.
Според Законот за здравственото осигурување, пациент со сини картони не треба да плати кај ниту еден лекар од примарната здравствена заштита, освен за инјекциите, но не и за шприцот, како што е случај сега. Во моментов болните по амбулантите плаќаат над 100 денари за преглед, уште толку за инјекции и за потрошен материјал.
А.Стојановска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

