Свет
Адвокат присвоил пари на клиентка кои и ги досудил Судот

Јован К. (57), адвокат од Охрид, во договор со А.С. (56), референт за правни и кадровски работи во шумското стопанство "Галичица", присвоил околу 2 милиона денари, пари кои требало да и бидат исплатени на име на отштета на поранешна вработена во Шумското претпријатие.
ОХРИД
Јован К. (57), адвокат од Охрид, во договор со А.С. (56), референт за правни и кадровски работи во шумското стопанство "Галичица", присвоил околу 2 милиона денари, пари кои требало да и бидат исплатени на име на отштета на поранешна вработена во Шумското претпријатие. Против директорот и адвокатот, како што информираа вчера во МВР, се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување.
Охриѓанката В.Т. го тужела Шумското претпријатие оти бесправно била отпуштена од работа. За адвокат таа го ангажирала Јован К., кој ја застапувал пред Судот во Охрид, кој досудил во нејзина корист. По пресудата А.С., од сметката на претпријатието на тековната сметката на адвокатот дала налог да се префрлат 310.000 денари, пари кои требало да бидат исплатени на неговата клиентка на име плата. Било договорено да се исплатат само дел од парите за да може да се ќарат големи суми пари на име затезна камата за неисплатените плати. Подоцна, по оваа основа, Шумското стопанство место на сметката на оштетената, на тековната сметка на адвокатот префрлило дополнително 1.418.000 денари и плус 142.680 денари судски трошоци. На ваков начин адвокатот присвоил, како што посочуваат во МВР, 1.728.000 денари. (П.А.Л.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лукашенко: Имаме сè за да му нанесеме неподнослива штета на агресорот

Одговорот на Белорусија во случај на директна закана ќе биде молскавично брз, Минск има сè што е потребно за да му нанесе незамислива штета на потенцијален агресор, изјави претседателот на земјата, Александар Лукашенко, во интервју за руските медиуми.
„Секако, го следиме развојот на ситуацијата на западните граници.
Во случај на директна закана, ќе одговориме со молскавично брзина на секој што ќе стапне на белоруска земја. Ако преминат од зборови на дела, ќе имаме со што да возвратиме.
Имаме што е потребно за да му нанесеме неприфатлива штета на агресор. Не им советувам да го тестираат тоа“, нагласи белорускиот лидер.
Лукашенко, исто така, оцени дека непријателската политика на Западот кон Русија и Белорусија не се менува, туку прераснува во отворено агресивна.
Според него, ваквите изјави се лицето на општата политика на Западот кон Белорусија и Русија.
„Најтажно е што оваа политика не се промени.
Поминаа 80 години од крајот на Втората светска војна, а таму, на Запад, тие сè уште ги сметаат нашите земји и нашиот братски сојуз за закана.
НАТО брзо ја вооружува Европа, а Полска и балтичките земји измислуваат наводно заштитни мерки за да им угодат на своите господари.
Една од нив е повлекување од Конвенцијата од Отава и деминирање на границата со Белорусија“, нагласи Лукашенко.
Во исто време, според него, сојузот меѓу Белорусија и Русија е тестиран со текот на времето и сè додека двете земји градат заедничка иднина, тие не можат да го прекинат.
Кога станува збор за решавање на ситуацијата во Украина, белорускиот претседател изјави дека нема алтернатива на мировните преговори за конфликтот, мора да се земат предвид интересите на сите страни, пренесува Спутник.
Лукашенко заклучи дека дијалогот мора да биде отворен и почитуван.
Фото: принтскрин
Свет
Беспилотно летало соборено над зградата на полската влада во Варшава

Безбедносните служби неутрализираа беспилотно летало што леташе над владините згради во центарот на Варшава, а двајца белоруски државјани се уапсени, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск.
„Службата за владина безбедност штотуку неутрализираше беспилотно летало што леташе над владината зграда и над палатата Белведер“, објави Туск на Икс. „Белведер“ е една од официјалните резиденции на полскиот претседател.
„Двајца белоруски државјани се уапсени“, додаде Туск. „Полицијата истражува“.
Инцидентот се случи во време кога Полска е во состојба на зголемена готовност откако група руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на земјата минатата недела, анализираат медиумите во регионот.
Туск предупреди тогаш дека тоа е „најблиску што сме дошле до отворен конфликт од Втората светска војна“.
Фото: принтскрин
Свет
Популарноста на Макрон на најниско ниво досега, според последните анкети

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна најниско ниво откако дојде на власт во 2017 година, при што само 17 проценти од испитаниците го фаворизираат шефот на државата, според анкетата на Ипсос.
Популарноста на Макрон нагло опаѓа за 7 процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти одобрување, што претставува најниско ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, објавува „Трибин д Диманш“.
Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Лекорни, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и дека е непозната политичка фигура за многу испитаници, објавува Танјуг.
Анкета на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на крајно десничарската партија Национално собрание (RN), Џордан Бардела со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти, пренесуваат медиумите.
Фото: принтскрин