Свет
Анкетниот лист на Црвенковски без авансот за простор во „Тифани“
Во два наврата, и како премиер и како претседател на државата, Бранко Црвенковски во анкетниот лист за неговата имотна состојба заборавил да го пријави авансот за деловниот простор што неговата сопруга Јасмина Црвенковска, со партнерите од компјутерската фирма „Семос“, го купила во зградата „Тифани“ на нивниот довчерашен сопартиец Љупчо Палевски.
ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ГИ ОТВОРА КАРТИТЕ
Во два наврата, и како премиер и како претседател на државата, Бранко Црвенковски во анкетниот лист за неговата имотна состојба заборавил да го пријави авансот за деловниот простор што неговата сопруга Јасмина Црвенковска, со партнерите од компјутерската фирма „Семос“, го купила во зградата „Тифани“ на нивниот довчерашен сопартиец Љупчо Палевски.
Пред 15 септември 2002 година (по изборите на кои Црвенковски се врати на премиерската функција), во јуни 2002 година четворицата партнери во „Семос“ уплаќаат 160 илјади евра во кеш како аванс за купување деловен простор од 550 квадратни метри на првиот кат, локал и гаражи во деловно-станбената зграда „Тифани“. Авансот гласи на имињата, а не на фирмата „Семос“. Значи платија Јасмина Црвенковска, Илија Секуловски, Герасим Ванчев и Сашко Наумов.
Тоа беше авансно плаќање или повеќе од 30 отсто од вредноста на просторот (447.000 евра).
И покрај неколкуте дописи од страна на инвеститорот Палевски да се доплати просторот според договорот, ниту еден од сопствениците на „Семос“ не дошол да се договорат. Палевски вели дека од негова страна им била понудена можноста за раскинување на договорот и во рок од 6 месеци да им го врати авансот. И на тоа не добива одговор, а парите останале до денес кај него.
Во меѓувреме истиот тој простор Палевски и го продава на Управата за јавни приходи, во периодот кога директорка беше Петра Митева. За ревизорите токму овој договор на УЈП бил спорен. Деловниот простор е завршен, но УЈП се уште не ги зела клучевите за да го всели поради нерешени имотни прашања.
Инвеститорот Палевски финансирањето на објектот го затвора со револвинг-кредит од еден милион евра. Но никој не го дополнил, променил или избришал анкетниот лист на Бранко Црвенковски.
Во 2004 година дотогашниот премиер Црвенковски е избран за претседател на Република Македонија. Законот е јасен во делот на обврската дека функционерите треба да го пријават и имотот на семејството. Според Законот за спречување на корупцијата, избран или именуван функционер е должен во рок од 30 дена да достави анкетен лист за недвижен имот и подвижни предмети во поголема вредност, во негова сопственост или во сопственост на неговото семејство. Законот прецизирал дека под семејно домаќинство се подразбираат брачен другар, деца, родители, браќа, сестри, посвоители или посвоеници, со кои функционерот живеел во заедница. Антикорупциската комисија по стапувањето на претседателската функција на Бранко Црвенковски, во мај 2004 година соопшти дека тој нема обврска повторно да даде отчет за својата имотна состојба. Тие тогаш одлучија дека во согласност со Законот за спречување на корупцијата станува збор за континуитет во вршење јавна функција и во случајот претседателот не треба да пополни нов анкетен лист.
И откако стана претседател, кабинетот на Црвенковски соопшти дека нема промени во неговата имотна состојба откако ја смени функцијата и стана претседател. Од кабинетот тогаш порачаа дека претседателот бил подготвен повторно да го објави анкетниот лист.
Авансното уплаќање за деловен простор во „Тифани“ го нема никаде во неговиот анкетен лист. И пред и потоа.
(Продолжува)
A. Д.
Што пријавил Црвенковски?
Во неговиот стар анкетен лист пишува дека семејството Црвенковски поседува стан од 61 квадрат во Скопје, дека неговата сопруга Јасмина има автомобил „фолксваген поло“ од 1995 година и дека поседува 27 проценти од акциите во „Семос компјутери“ и 33 отсто акции во „Семос-компјутерски образовен центар“. Ова Бранко Црвенковски го пријавил во анкетниот лист до антикорупциската комисија, кој го пополнил во 2002 година, кога се врати на премиерската функција. Тогаш тој и неговата сопруга пријавиле тековни сметки во Комерцијална банка со салда од 619 илјади и од 357 илјади денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Здравствено предупредување во Велика Британија поради студеното време
Четиридневно здравствено предупредување поради студеното време е на сила во Велика Британија од денес, а Метеоролошката служба предупреди на снег и мраз.
Предупредувањето на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги опфаќа централните и северните области на земјата и трае до понеделник во 8 часот наутро, објавува „Sky News“.
Метеоролошката служба објави дека арктичката морска воздушна маса донесе постудени услови и издаде жолто ниво на предупредување за снег и мраз.
Оваа состојба ја опфаќа практично цела Шкотска и поголемиот дел од северна Англија.
„На локациите над 200 метри во Шкотска и северна Англија може да се видат 2-5 см снег, но на локациите над 300 метри може да се видат двојно повеќе, дури и до 10 см“, изјави главниот прогнозер на Метеоролошката служба, Џејсон Кели.
Утре низ целата земја се предвидува утро со мраз и температури под нулата, а на некои места се очекува сув ден, прв од почетокот на годината, имајќи ја предвид големата количина на врнежи од почетокот на јануари.
Северна Ирска, исто така, го забележа највлажниот јануари во последните 149 години, според „Скај њуз“.
Метеоролошката служба најави дополнителни дождови, силни ветрови и снег во северните области.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Свет
Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша указ за спроведување на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување санкции врз 91 брод кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“, објави Канцеларијата на претседателот на Украина.
Канцеларијата забележува дека Русија ги користела овие бродови за транспорт на нафта и нафтени деривати од руските пристаништа до трети земји, пренесува Укринформ.
Како што е наведено, ова е направено со заобиколување на санкциите на Европската Унија, Г7 и други земји, што е потврдено од резултатите од мониторингот во Црното, Црвеното и Балтичкото Море.
Санкцираните бродови пловеле под знамињата на околу 20 земји, наведува Укринформ, додавајќи дека само едно од нив било руско, а другите биле знамињата на Панама, Либерија, Камерун, Барбадос, Маршалските Острови, Хонг Конг, Сиера Леоне, Тонга, Палау, Гвинеја, Коморите, Бахамите, Индонезија, Малави, Гвинеја-Бисао, Џибути, Гвајана и Есватини.
„Украина ќе им обезбеди релевантни информации на овие земји, а исто така ќе соработува со партнерите за понатамошна синхронизација на санкциите во нивните јурисдикции. Од оваа листа на бродови, 27 веќе се под санкции од партнерите – САД, Велика Британија, Швајцарија и Европската Унија. Работата за воведување санкции за преостанатите 64 ќе продолжи“, забележува публикацијата.
Кабинетот на претседателот нагласува дека воведувањето санкции врз „флотата во сенка“ е приоритет, бидејќи овозможува да се изврши притисок врз секој што транспортира руска нафта и со тоа ѝ помага на Русија да добие средства за финансирање на војната против Украина.
„Танкерите на „флотата во сенка“ се клучна алатка за заобиколување на санкциите за нафта, па затоа нивната идентификација и воведувањето санкции против нив мора да се изврши брзо и без исклучок. Секој таков брод мора да се смета за елемент на финансирање на руската воена машинерија“, рече Владислав Власјук, советник и комесар на претседателот за политика на санкции, пренесува Танјуг.

