Свет
ПИОМ не знаел оти пратениците си стокмиле пензија со 25 години стаж
Проекциите за тоа колку ќе не чини новата пратеничка пензија не ги направивме оти не знаевме дека воопшто постои ваков закон, изјави вчера директорот на Пензискиот фонд Бошко Китановски
ДОПРВА ЌЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА КОЛКУ ЌЕ НЕ КОШТААТ НОВИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРИВИЛЕГИИ
Проекциите за тоа колку ќе не чини новата пратеничка пензија не ги направивме оти не знаевме дека воопшто постои ваков закон, изјави вчера директорот на Пензискиот фонд Бошко Китановски
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не знал дека пратениците во Собранието на Македонија ќе си изгласаат закон со привилигирани услови за пензионирање. Со законот кој завчера помина на собраниска седница во пензија ќе може да одат сите пратеници кои имаат 2 години пратенички стаж и 25 години работен стаж, без оглед на возраста.
“ПИОМ не беше запознаен од Владата дека е изработено предог решението на законот, ниту пак од таму ни се обратија да побараат мислење. Не можам да дадам коментар оти Фондот го нема погледнато законот, ниту знаеше кога е покрената иницијативата за негово донесување”, рече вчера Бошко Китановски директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
Китановски вчера не можеше да каже колкаво ќе биде оптоварувањето на буџетот на државата од привилегираните пратенички пензии, оти ПИОМ немал направено актуарски проекции колку пари ќе се трошат на пратеничките пензии.
“Проекциите не ги направивме оти не знаевме дека воопшто постои ваков закон, а и никој не го побара тоа од Фондот. Тие ќе се прават откако законот ќе се објави во Службен весник”, вели Китановски.
Директорот на Фондот вчера објасни дека примената на реформата во пензискиот систем во Македонија неизбежно е да стартува од 1 септември годинава бидејќи зголемувањето на бројот на корисници на пензија во земјава ќе го оптовареле буџетот на држвата. “За 15 години пензионерите нагло ќе се зголемат, а бројот на лица кои ќе плаќаат придонеси се повеќе ќе се намалува”, објаснува Китановски. Со законот кој треба да почне да се применува во септември мажите во пензија ќе заминуваат со 64 години, а жените со 62 години старост. Условот за земање пенизја ќе биде минимум 15 години работен стаж. (И.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

