Свет
Д-р Докиќ не знае за што е обвинет
Поранешниот директор на
Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, кој беше притворен под
сомнение дека примил поткуп од пациенти, вчера во Основниот суд Скопје 1 рече
дека не знае за што е обвинет.
На почетокот на судењето
Поранешниот директор на
Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, кој беше притворен под
сомнение дека примил поткуп од пациенти, вчера во Основниот суд Скопје 1 рече
дека не знае за што е обвинет. Неговиот адвокат Ставре Џиков изјави дека се’
уште не примил обвинение и побара одлагање на судската постапка. Докиќ, кој
сега се брани од слобода, вчера седна на клупата за обвинети, но преку неговиот
бранител побара одлагање на судењето. Тој во минатиот месец беше притворен под
сомнение дека примил поткуп од 300 евра, но по завршување на истражната
постапка Обвинителството подигна обвинителен предлог само за противзаконско
посредување, а не за примање поткуп. Според Кривичниот закон, Докиќ за ова
кривично дело може да добие парична казна или најмногу три години затвор. За
примање поткуп следува казна од една до 10 години затвор.
Во обвинителниот предлог не се споменуваат обележаните 300 евра со кои беше
уапсен во својот кабинет. Наведени се само парите што му ги дале пациенти за да
им издејствува преглед на нивната мајка на друга клиника. Според обвинителниот
предлог, оштетените Џевад Дибрами и Аргетим Асани на 27 февруари годинава како
награда за Докиќ уплатиле 48.875 денари во туристичката агенција „Равекс“ во
Скопје, како аванс за авионски билет за Торонто, Канада. За возврат, Докиќ им
издејствувал преглед на Клиниката за гастроентерохепатологија. На вчерашното
рочиште не се појавија ниту оштетените ниту, пак, сведоците. Судењето е
одложено за наредниот месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

