Свет
Кој алат ќе се одземе при проституција
Власта ја стави во голема
дилема опозицијата со предлогот за донесување закон за прекршоците против
јавниот ред и мир, за кој вчера расправаше Собранието. Координаторот на пратеничката
група на СДСМ Јани Мак
СДСМ ОТВОРИ ДИЛЕМА ЗА ЗАКОНОТ
ЗА ПРЕКРШОЦИ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР
Власта ја стави во голема
дилема опозицијата со предлогот за донесување закон за прекршоците против
јавниот ред и мир, за кој вчера расправаше Собранието. Координаторот на пратеничката
група на СДСМ Јани Мак
Власта ја стави во голема дилема опозицијата со предлогот за донесување
закон за прекршоците против јавниот ред и мир, за кој вчера расправаше
Собранието.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јани Макрадули тврдеше
дека владиниот предлог е напишан набрзина и има куп нелогичности и апсурди.
"Со еден член на законот на овластените лица им се дава задача да ги
одземат предметите и средствата со кои се прави прекршокот. И во листата на
прекршоци е наведен и член кој се однесува на проституцијата. Кој предмет ќе се
одземе во тој случај", праша пратеникот Макрадули.
Тој не доби одговор на ова прашање од Рефет Елмази, заменик – министер за
внатрешни работи, кој го бранеше законот пред пратениците.
Глобата за лицата што ќе се затекнат при извршување проституција изнесува од
600 до 800 евра во денари.
Иста казна ќе заработи секој што ќе се обиде да има секс од балконот на својата
куќа или тераса, бидејќи овој закон, кој требаше да го гласаат пратениците
вчера, нив ги дефинира како јавни места и со тоа се нарушува јавниот ред и мир.
Ако биде изгласан овој закон, граѓаните ќе мора да внимаваат кога се задржуваат
во заеднички простории на станбена зграда во која не живеат или во двор на
училиште или во простории на друга јавна зграда, бидејќи ќе може да бидат
обвинети дека престојуваат неоправдано, за што можат да добијат казна од 100 до
400 евра. "Што ако одам на гости некаде, а не ја знам точно адресата. Дали
ако прашам некој од станарите за информација ова ќе се смета за вознемирување
или неоправдано задржување и престојување", се прашува пратеничката Роза
Каревска – Топузовска.
Високи глоби на граѓаните им се закануваат и доколку ги омаловажуваат
службените лица, а посебно полицајците, за што можат да платат казна од 900
евра.
( Н.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поранешната противничка на Трамп: Ќе гласам за Трамп, Бајден е катастрофа
Поранешната американска амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, денеска објави дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп може да смета на нејзиниот глас на претседателските избори во ноември.
Хејли на настан во Вашингтон рече дека не секогаш политички се согласува со Трамп.
„Но (американскиот претседател Џо) Бајден беше катастрофа и јас ќе гласам за Трамп“, рече таа.
Поранешниот американски амбасадор во ОН се откажа од трката за номинација на Републиканската партија во март и првично не сакаше да го поддржи Трамп. Хејли рече дека Трамп не треба да претпоставува дека ја има поддршката од нејзините гласачи, без оглед на нејзината лична одлука.
„Трамп би било мудро да допре до милионите луѓе што гласаа за мене и продолжуваат да ме поддржуваат, а не да претпоставува дека тие, едноставно, ќе застанат покрај него“, предупреди денеска Хејли.
Изборите во САД на 5 ноември ќе бидат реванш меѓу Трамп и Бајден, кои немаат вистинска конкуренција во нивните партии.
Регион
ОН гласаат за резолуцијата за геноцидот во Сребреница; Вучиќ: Морам да бидам таму
Попладнево во Њујорк, Генералното собрание на ОН треба да гласа за предложената резолуција со која се бара прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Србија силно се спротивставува на ова и почна голема дипломатска офанзива против резолуцијата.
Десетина земји се очекува да гласаат против резолуцијата, а неколку десетици членки на ОН се воздржани од гласање поради српската дипломатска офанзива, особено меѓу неврзаните земји, според дипломатски извори, пренесува словенечката новинска агенција СТА.
Предлогот за резолуција за едно од најголемите злосторства во Европа по Втората светска војна, меѓу другото, го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на осудените за воени злосторства.
Србија и Република Српска, во која доминираат босанските Срби, постојано негираа дека се случил геноцид во Сребреница.
Резолуцијата ја предложија Германија и Руанда. Текстот беше спонзориран од уште 34 земји вклучувајќи ги сите поранешни југословенски републики, освен Србија и Црна Гора.
Во средата Собранието на Република Српска усвои соопштение во кое протестира против резолуцијата, а претседателот на тој ентитет, Милорад Додик, на мрежата „Икс“ напиша дека усвојувањето на резолуцијата ќе предизвика непоправлива штета, што ќе значи крај на Босна и Херцеговина.
Тој се заканува дека Република Српска ќе се одвои од Босна доколку резолуцијата биде усвоена.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, со благослов на патријархот на СПЦ, пред гласањето отиде во Њујорк, каде што продолжува да лобира против резолуцијата, објави Радио Слободна Европа.
„Ќе одам во Њујорк затоа што некој треба да им даде одговор на оние што сакаат да ја обвинат Србија дека е геноцидна нација“, рече Вучиќ минатата недела.
Европа
Уапсен заменикот на моќниот генерал на Путин
Генерал-полковник Вадим Шамарин, началник на Главната управа за комуникации и заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Валериј Герасимов, е уапсен во Русија. Тој е осомничен за примање поткуп од големи размери, пренесоа руските медиуми.
„Комерсант“ пишува дека куќата на Шамарин била претресена, а потоа бил одведен на распит. Ова е четврто апсење висок функционер во руската одбрана од април кога заменик-министерот за одбрана, Тимур Иванов, беше ставен во истражен затвор поради сомнение за примање поткуп.
Оттогаш уапсени се и генерал-полковник Јуриј Кузњецов, началник на Генералштабот во Министерството за одбрана, и генерал-мајор Иван Попов, поранешен командант на руската 58. армија. Низата апсења доаѓаат во време на големи промени во одбранбениот естаблишмент на Русија откако претседателот Владимир Путин го разреши Сергеј Шојгу од функцијата министер претходно овој месец заменувајќи го со Андреј Белоусов.
Инаку, во 2020 година беше уапсен Халил Арсланов, претходникот на Шамарин на позицијата началник на Главната управа за комуникации. Тогаш Арсланов беше обвинет за проневера на 6,7 милијарди рубли. Стануваше збор за набавка на телекомуникациска опрема по напумпани цени.