Свет
Бирото за стоковни резерви ќе ги бара парите
Бирото за стоковни резерви ќе ги преземе сите
активности за да ги наплати долговите, одговараат од Бирото по информацијата
дека државата загуби околу 1,5 милиони евра од продажбата на 3.176 тони тутун
на „Јака табак”, на тендерот од пред два месеци.
ПО
ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ДРЖАВАТА ИЗГУБИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ТЕНДЕРОТ ЗА ТУТУН (2)
Бирото за стоковни резерви ќе ги преземе сите
активности за да ги наплати долговите, одговараат од Бирото по информацијата
дека државата загуби околу 1,5 милиони евра од продажбата на 3.176 тони тутун
на „Јака табак”, на тендерот од пред два месеци.
„Време” објави дека три илјади тони тутун беа продадени по цена од 1,86 центи
за килограм. Истиот тутун пред 5 години беше проценет на 4 долари за килограм.
Разликата е околу 1, 5 милиони евра, за колку што е оштетена државата од оваа
зделка. На прашањето дали институциите ќе ги бараат овие пари од „Јака табак”,
од Министерството за финансии одговорија дека „по исполнувањето на договорот и
исплатата на парите за купениот тутун, Бирото за стоковни резерви ќе ги преземе
сите законски активности за наплата на разликата на долгот”.
Во Бирото не сакаат да коментираат зошто при процена од 4 долари за килограм,
тутунот го продале за 1,86 центи за килограм. Од таму велат дека процената ја
направиле овластени проценители кои не биле ангажирани од Бирото.
– Бидејќи Бирото во тој период не продавало тутун, не може да даде коментар за
висината на цената во тие процени – велат од Министерството за финансии во
дописот до „Време”.
На лицитацијата на тутунот на 15 март учествуваа 6 фирми. „Јака табак” понуди
највисока цена.
Упатените во тутунскиот бизнис велат дека надлежните не смееле да дозволат оваа
фирма да го купи тутунот од причина што веќе и должела на државата околу 6
милиони евра, колку што вредат 3.176 тони тутун по цена од 4 долари за
килограм. Истиот тутун продаден за 1,86 центи за килограм вреди вкупно околу
4,5 милиони долари. Се појавува дупка од околу 1,5 милиони евра.
– Државата требала да си ги бара парите од фирмата-должник, а не да и дозволи
да го откупи долгот преку тутунот. Сега, кога тоа и беше дозволено на „Јака
табак”, државата мора да си го бара остатокот од парите – велат упатените.
Бирото склучило договор со „Јака табак” во законскиот рок од 20 дена од јавното
наддавање. Надлежните уверуваат дека „Јака табак” досега се придржува до
условите од договорот.
„Јака табак” стана должник на државата пред неколку години, кога зеде кредити
од деловните банки за да ги исплати тутунопроизводителите. Како залог остави
3.176 тони тутун. Бидејќи фирмата не ги врати кредитите, Бирото за стоковни
резерви преку Јавното правобранителство во Струмица поведе постапка за реализација
на залогот.
До објавувањето на тендерот, тутунот се чуваше во складиштата на „Јака табак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бесент за Гренланд: Европа праќа војници, САД нема да ја препуштат безбедноста
Американскиот министер за финансии Скот Бесент на конференција во Давос порача дека САД спроведуваат „ребаланс на меѓународната трговија“, кој, според него, одамна бил потребен. Според податоците за октомври, трговскиот дефицит на САД е на најниско ниво од 2009 година.
Бесент рече дека светот е побезбеден кога Америка е силна.
На прашањето за ризиците од трговска војна со Европа и прашањето за Гренланд, Бесент одговори дека не е сигурен „каква порака испраќаат тие осум европски земји што испраќаат војници на Гренланд“.
Тој ја обвини Велика Британија дека ја изневерила Америка поради базата на Диего Гарсија, која ја предава на Маурициус. Рече дека САД нема да ја препуштат својата безбедност на други.
Бесент жестоко го нападна гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој претходно го нарекол арогантен. „Можеби е единствениот човек во Калифорнија што знае помалку за економија и од Камала Харис“, рече Бесент.
Го обвини Њусом дека во Давос е со својот „богат спонзор Алекс Сорос“, додека Калифорнија има најголема популација на бездомници во САД.
Свет
Белорусија ја прифаќа поканата на Трамп – ќе се приклучи на „Одборот за мир“
Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпишал документ со кој официјално ја прифаќа иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување на Белорусија кон новоформираниот „Одбор за мир“, јави државната новинска агенција БелТА, пренесена од „Европска правда“.
„Подготвени сме да бидеме основачи“, изјави Лукашенко, истакнувајќи дека членството не бара никаква парична уплата, спротивно на гласините дека се бара милијарда долари. „Овие болни луѓе пак полудеа. Само треба да го прочитате документот. Пари не се бараат“, рече тој.
Според „Блумберг“, администрацијата на Трамп барала милијарда долари од земјите што сакаат постојано место во „Одборот за мир“, кој во Вашингтон се разгледува како можна алтернатива на Обединетите нации. Повик за приклучување добиле Русија, Белорусија, Канада и неколку европски земји.
Според документот, статутот на одборот ќе се спроведува според процедурите утврдени во писмото на Трамп.
Свет
Трамп и Ердоган разговарале за ситуацијата во Сирија и Газа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за развојот на настаните во Сирија и Газа, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Сиријската влада, која добива поддршка од Турција, по неколкудневни судири со курдските Сиријски демократски сили (СДФ), сојузници на САД, објави прекин на огнот. Сирија им дала на СДФ четири дена за интеграција во централната држава.
Трамп и Ердоган разговарале и за борбата против Исламска држава и за судбината на нејзините затвореници во сириските затвори. Турција ја смета СДФ за терористичка организација поврзана со ПКК, група што води долгогодишна вооружена борба против турската држава.
Трамп го поканил Ердоган да се приклучи на американската иницијатива „Одбор за мир“ за Газа. Ердоган се заблагодарил и рекол дека Турција ќе продолжи да соработува со САД по тоа прашање. Одборот е одобрен од Советот за безбедност на ОН и има за цел да воспостави меѓународни стабилизациски сили во Газа.

