Свет
Уапсени 16 шверцери на илегалци
Цената за прифаќањето, сместувањето и
илегалното префрлање на мигрантите во Грција изнесувала по 5.000 евра од човек
Цената за прифаќањето, сместувањето и
илегалното префрлање на мигрантите во Грција изнесувала по 5.000 евра од човек
Полицијата разби меѓународен синџир за шверц на мигранти и уапси 16
македонски државјани осомничени дека прифаќале, сместувале и илегално префрлале
мигранти во Грција. Уапсените се одговорни за шверц на околу стотина мигранти
од Албанија, Турција, Кина, Пакистан и други земји.
Во акцијата која била изведена завчера и вчера учествувале над 250 полицајци од
кои 150 биле припадници на Единицата за брзо распоредување.
Повеќето од приведените се од Скопје, а двајца се од Гевгелија. Главни
организатори се скопјаните Насер Шентрук (44), Неџати Ајдари (45) и Оливера
Тодоровска (41). За помагање осомничен е синот на Оливера, Јован Тодоровски
(22). Главни организатори на транспортот и транспортери се Шаќир Исмаиловски и
Горан Стојановски (30), двајцата од Скопје.
Полицијата извршила претрес во домовите на уапсените во кои биле пронајдени
странски пасоши, фотографии за изработување лажни пасоши, печати, лични карти
од странски државјани, пиштол и други предмети. Полицијата запленила и осум
возила со кои се вршел транспортот. Мигрантите биле сместувани во два стана во
Скопје како и на повеќе локации во земјава. Истрагата засега утврдила дека
цената за прифаќањето на емигрантите, нивното сместување и илегалното префрлање
во Грција изнесувала по 5.000 евра од човек.
По распитот во полициската станица приведените ќе бидат сослушани од истражен
судија во основниот суд Скопје 1.
Во МВР велат дека акцијата продолжува и дека се бараат други инволвирани во
шверцот со луѓе.
– Станува збор за координирана акција која со помош на СЕКИ-центарот од
Букурешт истовремено беше спроведена во Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и
Херцеговина, Србија и во нашата земја. Акцијата беше договорена во декември
лани, а полицијата со следење на шверцерите почна во февруари годинава, по што
и Граничната полиција истовремено ја зајакна контролата на државната граница.
Во акцијата не се откриени полицајци што учествувале во шверцот, изјави Иво
Котевски, помошник на министерот за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Свет
Белгискиот министер ги предупреди европските лидери поради изјавите за нуклеарното оружје: „Држете го јазикот за заби“
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен ги критикуваше европските лидери поради, како што наведе, премногу отворените изјави за нуклеарното оружје.
„Кога станува збор за нуклеарното одвраќање, навистина не разбирам зошто европските лидери се толку брборливи. Тоа не е мудро. Ве молам, држете го јазикот за заби“, порача Франкен на платформата „Икс“, реагирајќи на интервју на германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе „Политико“.
Во интервјуто, Мерц ја исклучи можноста Германија да развие сопствено нуклеарно одвраќање, но рече дека германските борбени авиони потенцијално би можеле да носат француско и британско нуклеарно оружје. Германија и Белгија се дел од американската програма „нуклеар шеринг“, во рамки на која нивните воздухопловни сили можат да носат американски нуклеарни бомби.
Изјавите на Мерц и Франкен доаѓаат во момент кога се интензивира дебатата за европското нуклеарно одвраќање во пресрет на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на 2 март. Се очекува Макрон да испрати пораки за улогата на францускиот нуклеарен арсенал во европската безбедност.
Белгискиот министер за одбрана се осврна и на коментарите на Мерц за проектот „Фјучр Комбат Ер Систем’ (Future Combat Air System) – борбен авион од нова генерација што го развиваат Германија, Шпанија и Франција.
„Системот е мртов, според германскиот канцелар во овој подкаст. Нема да има француско-германски борбен авион од шеста генерација. Белгија беше набљудувач во таа програма. Ќе ја преиспитаме нашата позиција“, наведе Франкен.
SCAF is dood aldus de Duitse bondskanselier @bundeskanzler in deze podcast. Er komt geen Frans-Duits zesde generatie jachtvliegtuig.
België was observator in het programma. We zullen onze positie herbepalen.
Ivm de nucleaire afschrikking begrijp ik echt niet waarom Europese…
— Theo Francken (@FranckenTheo) February 18, 2026

